Connect with us

Кредити

Силк Роуд Банка ја збогати понудата со нов станбен кредит

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје лансираше на пазарот нов производ – станбен кредит со најниска фиксна каматна стапка во земјата, почнувајќи од 2.5%.

Новиот кредитен производ е наменет за купување нов стан или куќа, за изградба на нов дом, за реновирање на постојни недвижности, за купување на деловен простор, како и за рефинансирање на станбени кредити од други банки. За финансирање на овие намени, достапни се поединечни кредити во износ до 400.000 евра, со рок на отплата до 30 години и грејс-период од една година.

Една од најголемите поволности што ги нуди новиот станбен кредит на Силк Роуд Банка се најниските фиксни каматни стапки во земјава од 2,5% за првите три години, 3,5% за четврттата и петтата година, односно 5,5% до крајот од отплатата на кредитот.
Дополнително, сите што ќе аплицираат за добивање кредит во промотивниот период кој трае до крајот на јуни оваа година, ќе можат да го сторат тоа без дополнителни трошоци за администрирање и без трошоци за проценка на имотот што служи како обезбедување на кредитот.

За да им го олесни дополнително процесот на купување нов дом, Банката веќе соработува со најголемите градежни компании во земјатата, со што на потенцијалните клиенти им е овозможено, со минимално сопствено учество од 15% од вредноста на кредитот, да дојдат до нов стан или деловен простор кој што е во фаза на градба.

Дополнителни информации за новиот станбен кредит можат да се добијат во сите експозитури на Силк Роуд Банка, по електронска пошта: RetailSales@silkroadbank.com.mk , како и на веб страницата: www.silkroadbank.com.mk.

Кредити

Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот

Објавено

на

Сите ние се трудиме повеќе или помалку да балансираме со парите кои ги заработуваме и оние кои ги трошиме, односно сакаме да ги потрошиме. Секако, оваа наша финансиска “дисциплина” може да избега од контрола ако се појават некои непланирани трошоци. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Нова кредитна линија од Комерцијална банка за обртни средства за вашиот бизнис

Објавено

на

На вашиот бизнис му требаат обртни средства? Комерцијална банка ви нуди кредит до 30.000.000 денари со субвенционирана камата преку Програма на Развојната банка на Северна Македонија, наменета за компании кои ја реинвестираат добивката од 2021 година. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Продолжува промоцијата на атрактивниот Потрошувачки кредит на Комерцијална банка со рок на отплата до 120 месеци

Објавено

на

Атрактивниот Потрошувачки кредит до 30.000 евра на Комерцијална банка доби нов промотивен период за уште поголемо задоволство на клиентите. За ненаменскиот потрошувачки кредит со рок на отплата до 120 месеци може да се аплицира до 30.09.2022 година. (more…)

Продолжи со читање


Популарно