Connect with us

Домашни банки

Силк Роуд Банка цели да стане лидер во домашниот пазар и вистински партнер на граѓаните и компаниите

Објавено

на

Во месец мај 2020 година Силк Роуд Банка АД Скопје го прослави својот четвртти роденден како работи под тоа име на македонскиот пазар, со целосна нова сопственост и швајцарски капитал. Инаку, банката е правен следбеник на поранешната Алфа Банка, односно Кредитна банка која е една од првите банки со приватен капитал во државата.

Годината што измина беше исполнета со предизвици за македонската економија и банкарскиот сектор во целина, секако со главен акцент на ковид-19 пандемијата која неминовно ја зафати и нашата држава.

Едни од главните мерки што ги донесене банката за ублажување на последиците од пандемијата за стопанството и граѓаните беше одложувањето на плаќањата на кредитните производи за шест месеци во период од април до септември и за уште дополнителни шест месеци до крајот на март 2021 година за оние граѓани кои се директно финансиски погодени од пандемијата, со намалени месечни приходи или престанок на работен однос, односно зголемени медицински трошоци за лекување. Дополнително, со цел активен придонес во менувањето на навиките на граѓаните и користењето на дигитални канали за вршење на банкарски трансакции, банката во текот на месеците март, април и мај целосно го укина еднокраниот надомест за користење на електронско банкарство за физички лица со можност за вршење на плаќања.

Банката како единствен лиценциран издавач на Аmerican Express платежни картички во државата редовно во текот на годината што изминува организираше атрактивни шопинг кампањи за корисниците на картичките, со атрактивен бенефит во вид на поврат на средства со направени трансакции. Eдни од главните кампањи беа кампањите за празникот на жената 8-ми март, кампањата со бензиските станици од брендот ОКТА во текот на летните месеци јули, август и септември, „Back to school“ со Веро и Џамбо маркетите, „Black Friday“ со поврат на средства со секоја направена трансакција, како и актуелната најголема до сега новогодишна шопинг камања со поврат на средства и до 20% со направени трансакции кај трговците од групацијата на Fаshion Group, Eликсир и Aнабела парфимериите, AД Европа, Sara Fashion и многу други. Кога сме кај Аmerican Express каричките, важно е да се напомене дека на корисниците за подигнување на готовина им е достапна најголемата мрежа од преку 200 банкомати во државата. Корисниците на American Express Point дебитната картичка можат да подигнуваат средства без провизија од целата мрежа на банкомати на Силк Роуд Банка и НЛБ Банка во државата.

Кога сме кај кредитните производи за физички лица, банката воведе промотивен период до крајот на годината, без административни трошоци за исплата и без трошоци за проценка на имот за хипотекарните и станбените кредити. Во месец септември беше лансиран и нов станбен кредит на пазарот со фиксна каматна стапка за првите 10 години, со што на младата популација со минимално сопствено учество од само 15% им се дава можност за купување на нов стан или куќа по мошне поволни услови и атрактивни каматни стапки.

Во делот на картичното работење, беа воведени новите VISA Consumer и VISA Business eдинствени припејд картички во државата, кои настанаа како плод од соработката помеѓу банката и VISA. Карактеристично за картичките е тоа што се со уникатна можност за надополнување согласно со потребите на корисниците, изработени според најсовремените стандарди за картично работење. Во тек е и промотивна кампања за VISA Business картичката, каде што со секоја апликација за картичката во декември, корисниците добиваат подарок од банката и VISA.

Во услови на сериозна здравствена и економска потребно е да се напомене и поддршката кон стопанството, а особено кон микро и малите претпријатија. Имено, Европската унија и Европскиот Инвестициски Фонд одобрија втора мултилатерална кредитна линија во износ од 5 милиони евра за поддршка на микро и мали претпријатија, како и старт ап компании и компании во фаза на развој. Средствата се издвоени од буџетот на Европската унија наменет за Програмата за Вработување и Социјална иновација („EaSI“), односно поддршка на остварување на целта на ЕУ за квалитетни вработувања, соодветна социјална заштита, борба против општествената нееднаквост и сиромаштијата, како и подобрување на условите за работа. За таа цел, креиран беше пакетот на кредитни производи „Bizz Up“ наменет за финансирање под исклучително поволни услови на микро компании со оперативна историја на работење до три години.

Една од главните цели на банката е и активно вложување во општествено одговорни проекти и вложување во заедницата. Банката донираше финансиски средства на Здружението за помош на лица со даунов синдром „Трисомија 21“ – Скопје, активно зема учество во кампањата „Помислете и на нас“ организирана од страна на Црвениот крст по повод светскиот ден на гладта и исто така ја предаде и четвртaта донација на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје како дел од општествено одговорниот проект „Наша донација со секоја трансакција“.

Силк Роуд Банка и во новата година која е пред нас ќе продолжи со остварување на својата зацртана деловна политика со цел подостапност на банкарските производи и услуги до поголем број на субјекти во државата. Банката има за цел да се позиционира како лидер во домашниот пазар и вистински бизнис партнер на граѓаните и компаниите.

Домашни банки

Се појави лажна Facebook страница под името на Шпаркасе Банка

Објавено

на

На „Facebook” е забележана ЛАЖНА Facebook страница под името на Шпаркасе Банка која ги бара Вашите лични податоци за понатамошна злоупотреба! ШПАРКАСЕ БАНКА А.Д Скопје ги известува своите клиенти дека нема никаква поврзаност со тоа и ова е единствениот и официјален профил на банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

“Social Friday” во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија

Објавено

на

Колегите од синдикалните организации на Халкбанк АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје , Шпаркасе Банка , Стопанска Банка а.д. Скопје, Стопнаска Банка АД Битола, Агенција за Супервизија на Осигурувањата, Фулм и Силк Роад Банка решија да направат позитивни промени и заедно да придонесат кон подобрување на општеството. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“

Објавено

на

НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. (more…)

Продолжи со читање


Популарно