Connect with us

Сметки

Силк Роуд Банка со промотивна кампања за дозволено пречекорување на сметка за правни лица

Објавено

на

Силк Роуд Банка воведе нов производ наменет за сите правни лица постојни клиенти на банката – дозволено пречекорување на трансакциска сметка („overdraft“).

За таа цел банката спроведува промотивна кампања, односно сите примени апликации за дозволено пречекорување на трансакциска сметка за правни лица во периодот од 01.08.2020 година до 30.10.2020 година се без административен трошок за одобрување и со привилегирани каматни стапки за користење на продуктот почнувајќи од 5%.

“Продуктот дозволено пречекорување – оverdraft за правни лица е наменет за компании, постојни клиенти на банката кои имаат потреба од финансиски средства за финансирање на краткорочни обртни средства, одржување на ликвидноста и задоволување на потребата од дополнителни средства во даден момент.  Предноста на користење на овој продукт е во брзата процедура за одобрување и едноставноста до пристапот  на потребните, односно одобрените  средства. Во тек е промотивен период, каде што сите примени апликации во периодот до 31-ви октомври оваа година се целосно ослободени од административни трошоци за исплата. Дополнително, за сите примени апликации во овој период банката нуди и привилегирани (пониски) каматни стапки од 5% за користење на дозволениот лимит на трансакциска сметка – overdraft. Како дополнителна вредност при користењето на овој продукт е и можноста од предодобрување на American Express Gold кредитна картичка без надомест за годишна членарина за првата година за сопственикот, односно сопствениците на компанијата“, велат од Службата за корпоративно управување во банката.

Максималниот одобрен лимит на трансакциска сметка кој може да го користи компанијата е до 3.000.000,00 денари. Наплатата на камата се врши само за искористениот дел од лимитот. За постоечките клиенти на Силк Роуд Банка, дозволеното пречекорување ќе биде пред-одобрено во износ од просечен месечен промет во Банката и направени минимум три должи (debit) трансакции на месечно ниво во изминатите 12 месеци.

Домашни банки

Шпаркасе Банка го намали месечниот надоместок за одржување на трансакциска сметка за физички лица

Објавено

на

Во услови за справување со пандемијата која ја предизвика коронавирусот КОВИД-19, одржувањето на економската стабилност и благосостојба на сегашните и идни клиенти претставува врвен приоритет за менаџментот во Шпаркасе Банка Македонија. Особено за сегментот население, кој во овој период е фокусиран првенствено кон заштита на сопственото здравје и обезбедување на потребната сигурност, овозможуваме поддршка со намалување на месечниот надоместок за одржување на трансакциската сметка за 50%, со важност од 18 август 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Сметки

УНИБанка со нов ПАКЕТ на услуги за физички лица

Објавено

на

УНИБанка, деновиве промовира исклучителен пакет на услуги за физички лица. Пакетот овозможува нов, современ и посигурен начин на користење на наjсекоjдневните банкарски услуги, како и значително намалување на трошоците на клиентите. Достапноста на услугите е во секое време и место.  (more…)

Продолжи со читање

Сметки

Од петок (26-ти јуни) ќе започне исплатата на јунските пензии

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на својата последна 72-ра седница одржана во текот на денешниот ден ја разгледа и усвои Информација за исплата на пензии за јуни 2020 година, со утврден распоред за исплата на пензиите за месец јуни со цел да се избегне ризикот од КОВИД-19, според која сите банки дале согласност јунските пензии да бидат предвреме процесуирани за готовинска исплата во четири групи (денови) почнувајќи од 26.06.2020 година, како и согласност безготовинската исплата да се овозможи од 26.06.2020 година, односно јунските пензии да се користат преку банкомати и во трговска мрежа од 26.06.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно