Connect with us

Домашни банки

Силк Роуд Банка со признание од Виза за воведувањето на првата бизнис припејд картичка во државата

Објавено

на

Во 2020 година беше лансирана првата VISA Business припејд картичкa за правни лица во државата како дел од успешната соработка во изминатата година помеѓу Силк Роуд Банка АД Скопје и „VISA”.

Силк Роуд Банка АД Скопје упати благодарност до „VISA” кои го увидоа потенцијалот за соработка со Банката во лансирањето на единственaта бизнис припејд платежна картичка на домашниот пазар.

Новите припејд картички се уникатни на пазарот во Македонија од причини што истите имаат можност за надополнување, според потребите на корисниците. Картичките се бесконтактни со меѓународна важност изработени според највисоките безбедносни стандарди за картично работење. Можат да се користат за подигнување средства од банкомати, плаќање во трговија секаде каде што е означен знакот на VISA или при вршење на интернет плаќања.

Visa Business припејд картичката за правни лица нуди олеснителна можност на компаниите во заштеда на време и пари со намалување на трошоци при обработка на платниот список, зголемување на ефикасноста на процесите во компанијата и промовирање на лојалноста на вработените. Картичката е со максимална вредност до 1.440.000 денари и е поврзана со трансакциската сметка на компанијата во банката.

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола започна со предвремена исплата на јануарските пензии

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола ги известува своите клиенти пензионери кои својата пензија ја примаат преку Стопанска банка а.д. Битола и се корисници на картички, дека можат да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од денес (26.01.2021 година). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

УНИБанка од денес започнува со предвремена исплата на јануарските пензии

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, известува дека овозможи исплатата на пензијата за месец јануари на трансакциска сметка да биде денес, на (26-ти јануари 2021 година). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје започна со исплата на јануарските пензии

Објавено

на

Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионеридека пензиите за месец јануари од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти. (more…)

Продолжи со читање

Популарно