Connect with us

Домашни банки

Силк Роуд Банка со понуда до своите клиенти – физички лица за промена на договорните услови за кредитните производи

Објавено

на

Врз основа на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик (Службен весник на Република Северна Македонија бр.76/20) и Уредбата со законска сила за начинот на промената на договорните услови на кредитните изложености кај банките и штедилниците (Службен весник на Република Северна Македонија бр.80), со цел ублажување на последиците од пандемијата на COVID-19, Силк Роуд Банка АД Скопје на ден 03.04.2020 година, ја објавува следната

ЈАВНА ПОНУДА број 03-1584 

за промена на договорните услови за кредитните производи на физички лица

Понудата се однесува на сите физички лица – клиенти на Банката, кои имаат кредити, кредитни картички и/или дозволени пречекорувања кои на 29.02.2020 година се класифицирани во категорија на ризик А, Б или В и немаат статус на нефункционална кредитна изложеност.

УСЛОВИ НА ПОНУДАТА:

 I. КРЕДИТИ

1. Грејс период: Банката одобрува одложена наплата на обврските за кредитот (главница, камата и останати обврски кои произлегуваат од одобрениот кредит) во период до 6 месеци, односно до 30.09.2020 година. Во овој период нема да се врши доспевање на ануитети за кредитот. Клиентот ќе продолжи со редовна отплата на кредитните обврски по 30.09.2020 година, согласно нов амортизационен план кој ќе биде изработен од страна на Банката.

2. Пролонгирање на рокот на отплата: Крајниот рок на отплата на кредитот се продолжува за период до 6 (шест) месеци.

3Камата пресметана за време на грејс периодот: Во грејс периодот Банката ќе пресметува редовна камата во согласност со важечките каматни стапки од Договорот за кредит. По истекот на периодот на одложување, пресметаната камата со останатите обврски, во согласност со Договорот за кредит, рамномерно ќе се распоредат за наплата во согласност со новиот амортизационен план кој ќе важи од октомври 2020 година.

4. Траен налог и автоматска наплата: За времетраење на грејс периодот, трајниот налог* и автоматската наплата на обврските по кредитните производи ќе бидат ставени во мирување.

* Трајните налози за продуктот “Направи пауза” ќе бидат ставени во мирување и по искористување на периодот за пауза, ќе се одобри грејс период за преостанатите месеци.

5. Административна забрана: Доколку производите се плаќаат со административна забрана, клиентот треба да го извести својот работодавач, со цел административната забрана од плата да се стави во мирување за времетраење на периодот на одложена наплата на кредитните обврски.

6. Уплати на кредитната партија: Клиентите кои ја прифатиле понудата, меѓутоа доброволно во грејс периодот ќе сакаат да извршат уплата на кредитните партии, тоа ќе можат без никакви ограничувања да го прават, со тоа што ќе треба да ја известат Банката да се изврши пренос на средства од нивната трансакциска сметка на кредитната партија. Сите уплати на кредитната партија извршени во периодот на одложеното плаќање ќе се евидентираат како примени аванси во тек на периодот на одложеното плаќање. По истек на периодот на одложеното плаќање, за сите примени аванси на кредитната партија, Банката ќе постапи согласно договорените услови.

7. Нов Амортизационен план за отплата: По евидентирање на сите промени на кредитната партија, Банката ќе изготви нов амортизационен план за отплата на кредитот и почнувајќи од 01.10.2020 година ќе продолжи со редовното достасување на ануитети по кредитот. Банката ќе го извести корисникот на кредитот за новиот износ на ануитетот на начин предвиден во Договорот за кредит.

8. Останато: Сите останати договорни одредби од постоечкиот договор, кои не се опфатени во оваа понуда, остануваат во важност за цело времетраење на Договорот.

II. КРЕДИТНИ КАРТИЧКИ

1. Грејс период: Банката одобрува одложена наплата на обврските за кредитните картички во период до 6 месеци, односно до 30.09.2020 година. Во овој период, износот на месечниот минимум за плаќање ќе изнесува 0% од искористениот кредитен лимит на крајот од месецот.

2. Камата пресметана за време на грејс периодот: За времетраење на периодот на одложена наплата, Банката ќе пресметува редовна камата, провизии и членарини согласно одредбите предвидени во Договорот за користење на кредитна картичка, но во овој период истите нема да ги наплаќа. Наплатата на камата, провизии и членарини пресметани во периодот на одложена наплата ќе се изврши по 30.09.2020 година.

3. Период на враќање во редовна отплата: Почнувајќи од 01.10.2020 година, како основа за пресметката на минимален износ за плаќање предвиден во Договорот за кредитна картичка, ќе се користи долгот на сметката со состојба на 30.09.2020 година.

4. Уплати на кредитната картичка за време на грејс периодот: Сите уплати на сметката на кредитната картичка извршени во периодот на одложување, ќе се евидентираат како приливи на сметката и ќе бидат на располагање на корисникот за користење со картичката.

5. Останато: Сите останати договорни одредби од постоечкиот договор, кои не се опфатени во оваа понуда, остануваат во важност за цело времетраење на Договорот.

 III. ДОЗВОЛЕНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ на трансакциска сметка

1. Рок на користење на дозволеното пречекорување: Банката одобрува автоматско обновување на одобрениот износ на дозволеното пречекорување, чиј рок на важност истекува до 30.09.2020.

2. Одобрен износ на дозволено пречекорување: Одобрениот износ останува непроменет без разлика дали на сметката пристигнува редовен месечен прилив, a со примена на редовните одредби предвидени во Договорот со кој е регулирано дозволеното пречекорување.

3. Камата: Банката ќе пресметува и наплатува камата согласно одредбите предвидени во Договорот за дозволеното пречекорување. За износот на пресметана и наплатена камата и редовни месечни надоместоци во периодот до 30.09.2020, Банката ќе го зголеми износот на дозволеното пречекорување и сметката нема да има третман на недозволен минус.

4. По истек на рокот од првата алинеја од овој дел, ќе се применуваат редовните одредби предвидени во Договорот со кој е регулирано дозволеното пречекорување.

5. Останато: Сите останати договорни одредби од постоечкиот договор, кои не се опфатени во оваа понуда, остануваат во важност за цело времетраење на Договорот.

Силк Роуд Банка ги замолува клиентите детално да ја прочитаат понудата за одложување на плаќањата за сите кредитни производи за физички лица кои ги користат од банката.

Клиентите кои СЕ СОГЛАСНИ со понудата за сите кредитни производи кои ги користат не е потребно да праќаат мејл известување до банката, ниту пак да преземаат дополнителни чекори. Банката ќе смета дека понудата е прифатлива за нив и договорните услови се сметаат за променети во согласност со oдредбите од понудата.

Сите клиенти кои сакаат да продолжат со редовна отплата како и до сега, потребно е да ја одбијат понудата со што се замолуваат најдоцна до 13.04.2020 година да достават мејл известување на адресата: naseleniecovid19@silkroadbank.com.mk согласно со утврдените насоки во понудата.

Силк Роуд Банка упатува јавен апел за сите клиенти кои се во можност да продолжат со отплатата на своите месечни обврски, истото тоа да го направат. Со тоа сите придонесуваме економските мерки донесени од страна на банките и државата да имаат целосен ефект за субјектите за кои се наменети.

Домашни банки

НЛБ Банка прогласена за „Банка на годината за 2022“ од The Banker

Објавено

на

Реномираниот интернационален финансиски магазин, The Banker, по единаесетти пат ја прогласи НЛБ Банка за „Банка на годината за 2022“. Со ова признание НЛБ Банка уште еднаш ја потврди својата позиција на најнаградувана банка во РС Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Нова докапитализација на ПроКредит Банка во вредност од 13 милиони евра

Објавено

на

Прокредит банка АД Скопје изврши зголемување на капиталот на банката за дополнителни 13 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје во соработка со Црвен крст на Град Скопје организираше успешна крводарителска акција

Објавено

на

Во соработка со Црвен крст на Град Скопје на 28.11.2022 во просториите на административната зграда на Стопанска банка АД – Скопје организирана беше крводарителска акција на која учество зедоа 65 вработени од Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно