Connect with us

Домашни банки

Силк Роуд Банка привремено ја затвори експозитурата во Кисела Вода

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите клиенти на банката физички и правни лица од Кисела Вода и регионот дека поради моменталната вонредна состојба поврзана со вирусот КОВИД-19 почнувајќи од 01.04.2020 година (среда) до 30.04.2020 година, експозитурата на банката во Кисела Вода ќе биде привремено затворена.

Сите активности на експозитурата се пренасочени во експозитурата Централа, со адреса на ул. Даме Груев бр.1 – Скопје (електронска пошта: centrala@silkroadbank.com.mk, телефонски броеви за контакт: 02/3289-558 или 02/3289-547).

Останатите експозитури на банката лоцирани во Скопје и на целата територија на државата продолжуваат да работат со непроменето работно време, секој работен ден од понеделеник до петок, 08:30 до 16:30 часот.

Согласно со преземените мерки за спречување на ширење на заразата, од Банката препорачуваат посета на експозитурите само во случај на неодложна потреба за посета. За вршење на трансакции на располагање се електронското и мобилно банкарство, каде што во тек е промотивен период до 19.04.2020 година без еднократен надоместок од 500 денари за користење на можноста за вршење на плаќања за сите постојни и нови корисници.

Домашни банки

Шпаркасе Банка им додели стипендии на студенти од Економскиот факултет – Прилеп

Објавено

на

На 3.10.2022 година, на првиот свечен академски час, Шпаркасе Банка им додели три студентски стипендии на тројца студенти запишани во прва година на прв циклус студии на Економскиот факултет – Прилеп, во согласност со Конкурсот за запишување студенти  на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола во акaдемската 2022/2023 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка со нов дизајн и функционалности на S-банка мобилната апликација

Објавено

на

Новата верзија на S-банка со нов, модерен и интуитивен дизајн е веќе достапна за сите корисници на мобилно банкарство на Шпаркасе Банка. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка горда на резултатите на својот КБ тим на Скопскиот маратон

Објавено

на

Неуморноста и посветеноста дефинитивно се одлика на тимот на Комерцијална банка. Затоа и не изостанаа добрите резултати на маратонците од Банката на годинашниот Скопски маратон. (more…)

Продолжи со читање

Популарно