Connect with us

Домашни банки

Силк Роуд Банка од утре (29.06) започнува со предвремена исплатата на пензиите за јуни

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите приматели на пензија преку банката дека исплатата на пензиите за месец јуни ќе се врши на 29.06.2021 година (вторник). Почнувајќи од 29.06.2021 година пензиите ќе може да се подигнат со платежна картичка од било кој банкомат на банката.

Пензионерите кои не користат картичка, односно своите пензии ги подигнуваат на благајна во банката истите ќе може да ги подигнат почнувајќи од 29.06.2021 година (вторник), согласно распоредот направен според висината на пензијата:

– Во вторник, на 29.06.2021 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

– Во среда, на 30.06.2021 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

– Во четврток, на 01.07.2021 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

– Во петок, на 02.07.2021 година исплата на пензии во висина над 18.001 денари.

Имајќи ги предвид преземените безбедносни мерки во експозитурите, а со цел да не се прават дополнителни гужви на благајните, се препорачува на сите кои ќе ги подигнуваат пензиите на благајна во банката да се придржуваат до веќе утврдениот распоред за исплата.

Од Силк Роуд Банка напоменуваат при посета на експозитурите да се почитуваат преземените безбедносни мерки и воспоставениот ред за влез и излез, како и задолжително носење на заштитна маска со себе и одржување на минимално растојание од 2 мeтри од останатите клиенти и банкарските службеници.

Домашни банки

Огромно срце за сите на точак – нов #ВозиПравоВозиЗдраво предизвик за #НеделаНаМобилност

Објавено

на

Овие денови пред 6 години Стопанска банка АД – Скопје го организираше првото издание на „Вози право, вози здраво“ и почна да ја „вози“ заедно со своите поддржувачи оваа приказна за грижа за нашата животна средина и за развој на вело културата! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Експозитурата на УНИБанка во Охрид отсега на нова локација со нов и модерен изглед

Објавено

на

УНИБанка ги известува своите клиенти дека експозитура Охрид е преселена на нова локација во помодерни простории со цел подобрување на корисничкото искуство.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка спонзор на ИФФК „Браќа Манаки“

Објавено

на

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ со целата своја уметничка вредност годинава се враќа во Битола со своето 42-ро издание. Филмските уметници и нивните љубители од 16 до 21 септември во Битола, преку една хибридна форма, ќе имаат можност да уживаат во програмата на фестивалот која содржи 10 долгометражни и 10 кратки филмови.

(more…)

Продолжи со читање



Популарно