Connect with us

Домашни банки

Силк Роуд Банка од утре започнува со предвремена исплатата на пензиите за февруари

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите приматели на пензија преку банката дека предвремената исплата на пензиите за месец февруари ќе се врши на 25.02.2021 година (четврток). Почнувајќи од 25.02.2021 година пензиите ќе може да се подигнат со платежна картичка од било кој банкомат на банката.

Пензионерите кои не користат картичка, односно своите пензии ги подигнуваат на благајна во банката истите ќе може да ги подигнат почнувајќи од 25.02.2021 година (четврток), согласно распоредот направен според висината на пензијата:

  • Во четврток, на 25.02.2021 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
  • Во петок, на 26.02.2021 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
  • Во понеделник, на 01.03.2021 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
  • Во вторник, на 02.03.2021 година исплата на пензии во висина над 18.001 денари.

Имајќи ги предвид преземените безбедносни мерки во експозитурите, а со цел да не се прават дополнителни гужви на благајните, се препорачува на сите кои ќе ги подигнуваат пензиите на благајна во банката да се придржуваат до веќе утврдениот распоред за исплата.

Од банката напоменуваат при посета на експозитурите да се почитуваат преземените безбедносни мерки и воспоставениот ред за влез и излез, како и задолжително носење на заштитна маска со себе и одржување на минимално растојание од 2 мeтри од останатите клиенти и банкарските службеници.

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола оствари добивка од 6,05 милиони денари во првите три месеци од 2021 година

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола и во првиот квартал од 2021 година го продолжи трендот на остварување позитивни финансиски резултати. Иако повеќе од една година Банката се справува со предизвиците наметнати од пандемијата со ковид-19, и понатаму го задржа фокусот кон остварување на клучните стратешки цели, дејствувајќи во насока на наплата на дел од нефункционалните побарувања, а истовремено продолжувајќи со кредитна поддршка на правните субјекти и на домаќинствата, притоа максимално залагајќи се за безбедноста на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедност на вработените на работните места. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

УНИБанка „Супер потрошувачки кредит“ и камата од 4,25% – фиксна за првите 2 години

Објавено

на

Супер потрошувачкиот кредит од УНИБанка АД Скопје со атрактивна каматна стапка од само 4,25% фиксна за првите 2 години и 6,25 % фиксна за останатиот период вклучува и дополнителна сигурност за клиентите – Полиса за ризико осигурување од Кроација Осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ПроКредит Банка прва банка во земјата со 70% електричен возен парк

Објавено

на

ПроКредит Банка е општестевно одговорна компанија и во секојдневното работење се стреми да придонесе за зачувување на животната средина и намалување на негативното влијание врз неа. Континуирано се залага и вложува во сопствената еко иницијата #СеГрижамДелувамМенувам која придонесува кон почисто окружување и подобар квалитет на животот. (more…)

Продолжи со читање




Популарно