Connect with us

Домашни банки

Силк Роуд Банка од понеделник (26.04) започнува со предвремена исплатата на пензиите за април

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите приматели на пензија преку банката дека исплатата на пензиите за месец април ќе се врши на 26.04.2021 година (понеделник). Почнувајќи од 26.04.2021 година пензиите ќе може да се подигнат со платежна картичка од било кој банкомат на банката.

Пензионерите кои не користат картичка, односно своите пензии ги подигнуваат на благајна во банката истите ќе може да ги подигнат почнувајќи од 26.04.2021 година (понеделник), согласно распоредот направен според висината на пензијата:

  • Во понеделник, на 26.04.2021 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
  • Во вторник, на 27.04.2021 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
  • Во среда, на 28.04.2021 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
  • Во четврток, на 29.04.2021 година исплата на пензии во висина над 18.001 денари.

Имајќи ги предвид преземените безбедносни мерки во експозитурите, а со цел да не се прават дополнителни гужви на благајните, се препорачува на сите кои ќе ги подигнуваат пензиите на благајна во банката да се придржуваат до веќе утврдениот распоред за исплата.

Од банката напоменуваат при посета на експозитурите да се почитуваат преземените безбедносни мерки и воспоставениот ред за влез и излез, како и задолжително носење на заштитна маска со себе и одржување на минимално растојание од 2 мeтри од останатите клиенти и банкарските службеници.

Домашни банки

НЛБ Банка со промотивна кампања за потрошувачките кредити до крајот на годината

Објавено

на

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, НЛБ Банка подготви промотивна кампања за потрошувачките кредити. Овој декември клиентите ќе можат да ги реализираат своите планови благодарение на промотивната понуда со подолг рок на отплата, едноставна процедура и низа други придобивки. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка засади дрвја во знак на успешна реализација на GEFF програмата за финансирање зелена економија

Објавено

на

Комерцијална банка ја обележа успешната реализација на GEFF програмата за финансирање на зелената економија во Западен Балкан со засадување дрвја во Скопје. Педесет дрвја од видот каталпа се донација од Европската банка за обнова и развој, Европската Унија, Австрија и од четири банки од земјава, меѓу кои е и Комерцијална банка, а се израз на нивните стремежи за позеленување на градот Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Потрошувачки и станбени кредити од Комерцијална банка со осигурување од Триглав

Објавено

на

Комерцијална банка понуди потрошувачки и станбени кредити со уште поповолни услови – обезбедени со полиса за животно осигурување или за осигурување при неможност за отплата од осигурителните компании на
групацијата Триглав. (more…)

Продолжи со читање



Популарно