Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Силк Роуд Банка донира средства со секоја трансакција!

Објавено

на

Силк Роуд Банка и Универзитетската клиника за детски болести во Скопје потпишаа меморандум за соработка, со кој банката прераснува во долгорочен партнер на Клиниката. Со меморандумот компанијата се обврзува дека за секоја трансакција извршена со Американ Експрес картичките ќе донира по 5 денари за потребите на Клиниката. Собраните средства ќе се искористуваат периодично, зависно од секоја поединечна потреба за набавка на материјали на Клиниката. Во првиот циклус, собраните средства ќе бидат употребени за целосно обновување на постелнините за сите креветчиња на Клиниката за детски болести во Скопје.

„Горди сме што со овој долгорочен проект Силк Роуд Банка  станува партнер на Клиниката која има најблагородна улога – грижа за здравјето на најмладите. Надежите на сите наши вработени се насочени кон тоа со идните донации да ѝ помогнеме на Клиниката во унапредувањето на условите за што попријатен престој и што побрзо оздравување на секој нејзин пациент. Убедени сме дека сите заедно ќе успееме во тоа “, рече Ролф Шнебели, претседател на Управниот одбор на Силк Роуд Банка.

Универзитетската клиника за детски болести е единствена здравстена установа од ваков вид во земјата. На клиниката се спроведува специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита и здравствена дејност на терцијарно ниво од областа на педијатријата, а се изведуваат и образовна, научно-истражувачка дејност и усовршување на медицинскиот кадар. Минатата година на оваа клиника биле хоспитализирани над 7400 деца, а повеќе од 54000 деца добиле амбулантска, специјалистичка и субспецијалистичка педијатриска грижа. Во просек дневно на клиниката се спроведуваат и до 10.000 различни здравствени анализи и испитувања.

„Ваквите долгорочни проекти за нас се од особено значење, зашто ни овозможуваат ефикасно тековно планирање во работењето, но и во плановите за унапредување на целокупните услови во Клиниката и нејзин постојан развој. Силк Роуд Банка станува значаен член на семејството на поддржувачи на Клиниката и ние им посакуваме добредојде, и во име на вработените и во име на нашите пациенти“, изјави д-р Катерина Ставриќ, директор на Универзитетската клиника за детски болести.

Силк Роуд Банка има развиени општествено одговорни активности, учествувајќи во поддршка на Црвениот крст на Град Скопје, на Домот за деца без родители „11. Октомври“ и во помошта на жителите на с. Стајковци кои беа погодени од катастрофалните поплави во 2016-та година.

Домашни банки

НЛБ Банка спонзор на настанот “5.FMCG SUMMIT Скопје 2019”

Објавено

на

НЛБ Банка е спонзор на настанот “5.FMCG SUMMIT Скопје 2019”, кој се одржува денес (16.05) и на едно место ги обедини трговците, дистрибутерите и производителите за да ги слушнат новитетите од најзначајните домашни, регионални и светски авторитети во FMCG секторот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Добивката на Стопанска банка АД-Скопје намалена за неверојатни 42,9%

Објавено

на

Во периодот од 01.01.2019 до 31.03.2019 година Стопанска банка АД – Скопје (во натамошниот текст: СБ) оствари нето добивка пред оданочување во износ од 599.895 илјади денари, што претставува намалување за 42,9% споредено со нето добивката остварена во анализираниот период минатата година. Намалениот резултат во тековниот период се должи на ефектот од решениот статус на должникот Фени Кавадарци во првиот квартал од 2018, кога СБ склучи договор за продажба на своите побарувања со што во билансите на Банката беше евидентирано ослободување на исправката на вредност и истото имаше соодветен ефект врз остварениот финансиски резултат, објави банката преку соопштение на Македонска берза. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Работилница со ПроКредит Банка: Важноста на комуникациските вештини во процесот на селекција при вработување

Објавено

на

Важноста на комуникациските вештини при вработување е особено голема во модерното и динамично општество поради се поголемата конкуренција на пазарот на трудот. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange