Домашни банки
Силк Роуд Банка во среда започнува со предвремена исплатата на пензиите за јули

Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите приматели на пензија преку банката дека предвремената исплата на пензиите за месец јули ќе се врши на 27.07.2022 година (среда). Почнувајќи од 27.07.2022 година пензиите ќе може да се подигнат со платежна картичка од било кој банкомат на банката.
Пензионерите кои не користат картичка, односно своите пензии ги подигнуваат на благајна во банката истите ќе може да ги подигнат почнувајќи од 27.07.2022 година (среда), согласно распоредот направен според висината на пензијата:
- Во среда, на 27.07.2022 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
- Во четврток, на 28.07.2022 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
- Во петок, на 29.07.2022 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
- Во понеделник, на 01.08.2022 година исплата на пензии во висина над 18.001 денари.
При посета во експозитурите, со цел да не се прават дополнителни гужви на благајните, се препорачува на сите кои ќе ги подигнуваат пензиите на благајна да се придржуваат до веќе утврдениот распоред за исплата.
Домашни банки
Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)
Домашни банки
Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)
Домашни банки
ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство