Connect with us

Домашни банки

Силк Роуд Банка во понеделник започнува со исплатата на пензиите за месец септември

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите приматели на пензија преку банката дека исплатата на пензиите за месец септември ќе се врши на 28.09.2020 година (понеделник). Почнувајќи од 28.09.2020 година пензиите ќе може да се подигнат со платежна картичка од било кој банкомат на банката.

Пензионерите кои не користат картичка, односно своите пензии ги подигнуваат на благајна во банката истите ќе може да ги подигнат почнувајќи од 28.09.2020 година (понеделник), согласно распоредот направен според висината на пензијата:

– Во понеделник, на 28.09.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

– Во вторник, на 29.09.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

– Во среда, на 30.09.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

– Во четврток, на 01.10.2020 година исплата на пензии во висина над 18.001 денари.

 

Имајќи ги предвид преземените безбедносни мерки во експозитурите, а со цел да не се прават дополнителни гужви на благајните, се препорачува на сите кои ќе ги подигнуваат пензиите на благајна во банката да се придржуваат до веќе утврдениот распоред за исплата.

 

Од банката напоменуваат при посета на експозитурите да се почитуваат преземените безбедносни мерки и воспоставениот ред за влез и излез, како и задолжително носење на заштитна маска со себе и одржување на минимално растојание од 2 мeтри од останатите клиенти и банкарските службеници.

Домашни банки

Халкбанк со поддршка од матичната банка од Турција го зголеми капиталот за нови 30 милиони евра

Објавено

на

Халкбанк официјално изврши зголемување на капиталот за нови 30 милиони евра, што претставува поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанк АШ Турција за зајакнување на банкарскиот капитал во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Развојна банка со нето-профит од 45 милиони денари во првото полугодие на 2022 година

Објавено

на

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ) соопшти дека и во првата половина од 2022 година оствари позитивни резултати, ставајќи го целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка со нова експозитура во Маџари!

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на 08.08.2022 година ќе започне со работа новата експозитура во населба Маџари. (more…)

Продолжи со читање


Популарно