Домашни банки
Силк Роуд Банка АД Скопје и ФИТР со нова соработка за олеснет пристап до финансии на иновативните компании

Силк Роуд Банка АД Скопје и Фондот за иновации и технолошки развој потпишаа Меморандум за соработка, со цел олеснет и зголемен пристап до финансиски средства и банкарски производи и услуги, за најиновативните домашни компании.
Имено, Банката преку пакетот на производи „Bizz Up“, креиран со поддршка од Европската унија и Европскиот Инвестициски Фонд преку гарантната шема EaSI, овозможува финансирање на микро и мали претпријатија, компании во фаза на развој и старт ап компании. На компаниите на располагање им стојат различни производи и услуги, како дозволено пречекорување на сметка, кредити за обртни средства и инвестициски кредити, со привилегирани пониски каматни стапки од редовните.
„Ме радува што иницијативата на ФИТР за зголемена соработка со банкарскиот сектор со цел олеснувања за апликантите на Фондот, даде брзи резултати и интерес од банките. За неполн месец, Силк Роуд е втора банка преку која на компаниите им овозможуваме да добијат нови олеснувања при обезбедување на финансии за сопствениот удел при аплицирањето. Имаме голем број планирани годишни активности и очекувам новата соработка да придонесе за зголемен број на доставени предлог проекти на јавните повици на ФИТР“, изјави Коста Петров, директор на Фондот за иновации и технолошки развој.
Дополнително, како поддршка за овие компании Силк Роуд Банка нуди и бројни привилегии за компаниите апликанти, и тоа: без надоместок за одржување на денарска трансакциска сметка во првите три месеци, одобрување на дозволено пречекорување на трансакциска сметка без дополнителни провизии, бесплатно користење на електронско банкарство со можност за вршење на плаќања во траење од еден месец, Visa бизнис картичка без годишна членарина, пониски провизии за плаќања во домашен платен промет, пониски каматни стапки за денарски кредити, како и можност за кредитни картички од брендот American Express.
„Откако минатата година го потпишавме договорот со Европскиот Инвестициски Фонд врз основа на кој го креиравме пакетот за микрофинансирање Bizz Up, денес ни претставува задоволство што го потпишуваме Меморандумот за соработка со ФИТР за олеснет пристап до финансии на иновативните комапнии. Со потпишувањето на овој Меморандум, ја засилуваме нашата поддршка за микро и малите претпријатија, старт ап компаниите и компаниите во фаза на развој преку понуда на атрактивни банкарски продукти со зголемен број на поволности и значително пониски трошоци од редовните. Сигурни сме дека заеднички во соработка со ФИТР во следниот период активно ќе допреме до сите иновативни компании во државата кои што имаат потреба од финансии и поддршка за реализирање на нивните бизнис планови и идеи. Иновативните проекти полека стануваат двигател на македонската економија и развој на општеството во целина, а Силк Роуд Банка продолжува со засилени активности за поддршка на овој тип на компании“, изјави Игор Димитров, претседател на Управниот одбор на Силк Роуд Банка АД Скопје.
Во следниот период Силк Роуд Банка заеднички во соработка со ФИТР ќе организира едукативни работилници и промотивни активности за можностите за финансирање на компаниите кои ги нуди пакетот „Bizz Up“, со цел овозможување на полесен пристап до финансии, максимално искористување на потенцијалот на најдобрите иновации во нашата земја, зголемено присуство на иновативни проекти во бизнис секторот во Република Северна Македонија и освојување на странски пазари од страна на домашните иновативни компании.
Повеќе информации за пакетот Bizz Up може да погледнете на следниов линк.
Домашни банки
Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)
Домашни банки
Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)
Домашни банки
ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје