Connect with us

Останато

СИЛЕН УДАР ВРЗ АМЕРИКАНСКАТА ВАЛУТА: Русија бара исплата на нафтата во нова валута

Објавено

на

Русија бара некои индиски купувачи да ја платат нејзината нафта во дирхами, валутата на Обединетите Арапски Емирати, наместо во американски долари, изјавија неколку извори за „Reuters” притоа приложувајќи и документ.

Москва се повеќе се оддалечува од американскиот долар за да се изолира од ефектите на западните санкции.

Русија е погодена од серија санкции од САД и нивните сојузници поради конфликтот со Украина на крајот на февруари.

Фактурата што ја видел „Reuters” покажува дека сметката за испорака на нафта во рафинерија била пресметана во долари, додека плаќањето се барало во валутата на ОАЕ, дирхами.

Руската нафтена компанија „Роснефт” ја турка суровата нафта преку трговските фирми, вклучувајќи ги „Еверест енерџи” и „Корал енерџи” во Индија, сега вториот најголем купувач на руска нафта по Кина.

Руската нафта по ниски цени

Западните санкции поттикнаа многу увозници на нафта да ја избегнуваат Москва, туркајќи ги цените на руската сурова нафта до рекордни попусти во однос на другите врсти.

Ова им даде можност на индиските рафинерии, кои ретко купуваа руска нафта поради високите транспортни трошоци, да го зграпчат извозот со големи попусти.

Москва во јуни втор последователен месец ја замени Саудиска Арабија како втор најголем снабдувач на нафта во Индија по Ирак.

Најмалку две индиски рафинерии веќе подмириле некои плаќања во дирхами, велат изворите, додавајќи дека повеќе ќе го прават тоа во наредните денови.

Фактурата покажа дека плаќањата „Гаспромбанк” мора да ги врши преку „Машрек банка”, нејзината коресподентска банка во Дубаи.

ОАЕ, сакајќи да задржат неутрална позиција, не воведоа санкции кон Москва, а исплатите би можеле дополнително да ги фрустрираат некои на Западот, кои велат дека позицијата на ОАЕ е неодржлива.

Трговските фирми што ги користи „Роснефт” почнаа овој месец да бараат плаќање во дирхами, велат изворите.

„Роснефт”, „Еверест енерџи” и „Корал енерџи” не одговорија на е-поштата на „Reuters” во кои бараа коментар.

Останато

„НEзаштитена пpирода“ – Изложба на фотографии на Велиан Јагев за подигнување на свесноста за животната средина, поддржана oд ПроКредит Банка

Објавено

на

Во соработка со фотографот Велиан Јагев, ПроКредит банка организира патувачка изложба на уметнички фотографии од ретки и уникатни птици кои живеат на територијата на Македонија, изработени од страна на Пикс Плус. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Објавено

на

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Европската комисија предвидува раст од 2 проценти на македонската економија за годинава

Објавено

на

Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 проценти. (more…)

Продолжи со читање

Популарно