Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Интервјуа

Силвана Миленкова: Лајф Инвест е производ со кој се овозможува заштеда, заштита и инвестиција за секој осигуреник

Објавено

на

Осигурителната компанија Winner Life која е дел од групацијата Vienna Insurance Group на македонскиот пазар нуди широк избор на осигурителни производи што овозможуваат секој клиент да добие животно осигурување што најмногу одговара на неговите потреби.

Kако дел од оваа моќна осигурителна групација, Winner Life се придржува до строгите и прецизни австриски деловни принципи, што станува главно обележје на компанијата и причина сè поголем број на клиенти да ја подарат својата доверба.

Еден од најдобрите и најатрактивните производи кои ги нуди Winner Life е Лајф Инвест производот кој ги претставува пред граѓаните огромните можности на Unit linked производите, односно средствата кои тие ги вложуваат се инвестираат во инвестициски фонд во водечки светски компании чии акции котираат на американската, швајцарската и германската берза.

Силвана Миленкова e тим менаџер во Winner Life со петгодишно искуство во продажниот сектор, а повеќе од 15 години е дел од финансискиот сектор во Македонија.

Силвана е дел од продажниот тим на Winner Life речиси една година, а поради своите одлични продажни вештини се стекна со признанието за најдобар тим менаџер на компанијата во првиот квартал од 2019 година.

Поразговаравме со Силвана за придобивките од производот Лајф Инвест со кој се овозможува заштеда, заштита и инвестиција за секој осигуреник.

Банкарство: Винер Лајф е прва компанија на пазарот која воведе Unit Linked производ за осигурување на живот познат како Лајф Инвест. Со овој производ, клиентот покрај тоа што е животно осигуран, има можност за принос поголем од оној кој би го остварил при традиционално вложување на средствата. За кои клиенти е наменет овој производ?

Силвана Миленкова: Овој производ е наменет за сите физички лица кои прв пат имаат прилика и сакаат да инвестираат и индиректно да учествуваат на мегународна берза.

Банкарство: Колкава е минималната годишна премија за Лајф Инвест производот и кој е максималниот рок за времетраење на осигурувањето, а воедно и вложувањето на средствата?

Силвана Миленкова: Минималната годишна премија е 300 евра, а максималниот рок на времетраење е 25 години. Максималната сума за вложување нема лимит.

Банкарство: Каде се инвестираат парите, кои им носат дополнителни приходи на клиентите?

Силвана Миленкова: Овој Инвестициски фонд има повеке од 30 години австриско искуство каде се остварува атрактивен принос во познати светски корпорации т.н. Blue Chips и Dividend stocks, компании што исплаќаат високи дивиденди и остваруваат позитивни резултати. Можност да станат клиентите индиректни акционери во светски познати компании како Apple, Nestle, L’Oreal , BMW и други.

Банкарство: Секојдневните иновации кои ни ги носи динамичниот начин на живот наложува веќе понудените производите да се менуваат и дополнуваат. Винер Лајф како модерна и компанија насочена кон клиентите која се стреми клиентот да добие максимална услуга, направи промени и го дополни и надгради производот. Какви промени беа направени и кои се дополнителните придобивки за клиентот?

 Силвана Миленкова:

  • Клиентите добиваат потенцијално поголеми приноси одколку кај класичното животно осигурување
  • Автоматско реинвестирање на добивката
  • Вредноста на инвестицијата е заштитена со девизна клаузула
  • Заради дисперзија на ризикот фондот вложува во повеќе од 100 различни компании во различни земји и дејности
  • Клиентите имаат можност и за дополнителни пакети како што се дополнително осигурување од несреќен случај, дневен надомест за болнички денови и операции.

Банкарство: Со оглед дека парите на клиентите вложени во Лајф Инвест освен во осигурување на животот се вложуваат и во странски компании кои носат голем приход. Од аспект на новиот закон на добивка, кои се можностите за даночно ослободување при капитална добивка при инвестирање во овој производ?

Силвана Миленкова: Од јануари оваа година има законски измени во даночната регулатива поврзани со животното осигурување. Правните лица можат да користат даночно ослободување и користат бенефит доколку за секој вработен во фирмата направат полиса за животно осигурување за една календарска година во висина до две просечни бруто плати (околу 72.000 денари) и воедно за тој износ нема да плаќаат данок на добивка кој изнесува 10%.

Интервјуа

[Viber] ИНТЕРВЈУ: Одблиску со НЕЛА – електронскиот асистент на НЛБ Банка!

Објавено

на

НЛБ Банка од неодамна е првата финансиска институција во Северна Македонија која како дел од своето портфолио со услуги имплементираше целосно бесплатен и самостоен електронски асистент, преку кој клиентите на банката имаат можност користејќи Viber да “разговараат” со електронскиот асистент “НЕЛА”. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју со основачите на првата онлајн продавница каде можете да купите на рати

Објавено

на

Иако до неодамна изгледаше невозможно, денес е реалност! Отворена е првата онлајн продавница каде купувачите имаат можност производите да ги купат на рати. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју МАРИЈА ТОМЕСКА: Иднината е извесна за Еуролинк, фокус кон атрактивна онлајн понуда!

Објавено

на

Еуролинк осигурување е предводено од желбата за придонес кон економскиот развој на Република Северна Македонија, таа се стреми кон континуиран и долгорочен раст и паралелно градење поинакво осигурување за целосно задоволување на потребите на клиентите. Разговараме со претседателот на УО, г-ѓа Марија Томеска за понатамошните подвизи на Еуролинк осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange