Connect with us

Останато

СЕ УРИВА БАНКАРСКИОТ И ДАНОЧЕН РАЈ: Швајцарија од 2022 година ќе го оданочува митото!?

Објавено

на

Швајцарските компании од 2022 година веќе нема да можат да одбиваат мито платено на физички лица од даночната основа, утврди швајцарската влада во измените и дополнувањата на даночните закони.

Покрај митото, даночното намалување нема да биде ниту трошок за финансирање на криминални активности, ниту авансно обештетување на делото, одлучи владата.

Швајцарија е позната по институтот за банкарска тајна и има репутација на сигурно прибежиште за пари од странство, па затоа владата одлучи да ги задржи даночните намалувања за некои прекршувања. Така, странските казни ќе можат да се одземат од даноци, доколку не се во согласност со швајцарската политика.

„Како и досега, домашните кривични финансиски санкции, односно казните и административните казнени санкции, нема да можат да се одземаат од даноци во иднина. „Од друга страна, странските кривични финансиски санкции ќе можат да се одземат од даноци во посебни случаи, ако тие ја нарушуваат швајцарската политика или ако компанијата докаже веродостојно дека ги презела сите оправдани чекори за усогласување со законот“, објаснуваат од владата на Швајцарија.

По влегувањето во сила во 2022 година, промените ќе бидат во согласност со препораката на Работната група на ОЕЦД за финансиска акција против перење пари, дополни владата.

Во изминатите 20 години, Швајцарија незначително го ограничи процутот на митото, криминализирајќи го, на пример, митото на странски јавни службеници во раните 2000-ти. Во 2001 година им забрани на компаниите да одземаат мито од државните службеници од даночната основа.

Забраната за поткуп на поединци чекаше подолго време, поради отпорот на одредени политички партии. Работата на законот траеше со години и митото сега е забрането, но само во случај на нарушување на еднаквата пазарна конкуренција.

НБРМ

Во соработка со ИНФЕ-ОЕЦД и Министерството за финансии на Холандија се засилуваат активностите за спроведување на националната Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија

Објавено

на

Спроведувањето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија засилено напредува. Оттука, вчера и денес, финансиските регулатори од земјава предводени од Народната банка во рамките на Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија, заедно со Меѓународната мрежа за финансиска едукација при Организацијата за економска соработка и развој (ИНФЕ-ОЕЦД) во соработка со Министерството за финансии на Холандија, организираат работилница, во рамките на програмата на Конституенцата и програмата „Манивајс“ (Money Wise). (more…)

Продолжи со читање

Останато

Со новите измени на Законот, каматите нема да смеат да бидат повисоки од долгот!?

Објавено

на

Со измените на Законот за облигациони односи, каматите нема да смеат да бидат повисоки од долгот, смета Jован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Колапс на приватниот сектор во Јапонија – бројот на банкротирани компании за една година се зголемил за неверојатни 49%

Објавено

на

Ефектот на Ковид-19 врз бизнисите во Јапонија предизвика огромен број банкроти од почетокот на воведувањето на анти-пандемиските мерки. (more…)

Продолжи со читање



Популарно