Connect with us

Business Man

Се стопи богатството на руските милијардери по инвазијата на Русија врз Украина

Објавено

на

Најбогатите Руси изгубиле околу 39 милијарди долари уште на првиот ден од руската инвазија врз Украина, пишува „Bloomberg”.

Рускиот референтен берзански индекс МОЕКС Русија забележа пад од 33 проценти, што е петти најлош пад во историјата на берзата.

Најмногу загубил извршниот директор на „Лукоил”, Вагит Алекперов, 6,2 милијарди долари, па во моментов неговото богатство се проценува на 13 милијарди долари. Акциите на московскиот производител на нафта паднаа за околу 33 проценти.

Алексеј Мордашов, претседател на управата на „Северстал челик”, изгуби 4,2 милијарди долари, намалувајќи го своето богатство на 23 милијарди долари. Владимир Потанин, претседател на „Норилск Никел” и моментално најбогат човек во Русија, изгубил три милијарди долари, пишува „Bloomberg”.

Business Man

Универзитетскиот професор Борче Треновски: Можен раст на каматите на кредитите, инфлацијата ќе бледнее на крај на годината

Објавено

на

Зголемувањето на референтната каматна стапка на три проценти во догледно време може да ги зголеми каматните стапки на депозитите и на кредитите со флексибилна каматна стапка, а поради неизвесниот период во кој се наоѓаме, побарувачката на кредити и задолжувањето треба да биде претпазливо, оценува во изјава за МИА универзитетскиот професор Борче Треновски. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

ТРИФУН КОСТОВСКИ ЈА ОТВОРИ ПАНДОРИНАТА КУТИЈА – објасни каде завршиле парите на штедачите од „Еуростандард банка“

Објавено

на

Бизнисменот Трифун Костовски ја одржа најавената прес-конференција на која изнесе сензитивни информации од истрагата која ја нарачал во врска со пропаѓањето на неговата „Еуростандард банка“. Костовски обвини дека парите кои биле повлекувани од неговата Еуростандард банка како кредити без покритие, во најголем дел оделе во фирми од Струмица блиски до поранешниот премиер на државата Зоран Заев. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

Андреја Јосифовски го зајакнува својот акционерски капитал во Макпетрол АД Скопје

Објавено

на

Фото: a1on.mk

Макпетрол АД Скопје ја известува јавноста преку соопштение на Македонска берза дека г-н Андреја Јосифовски, Претседател на Управниот одбор, се стекна со 220 обични акции издадени од Макпетрол АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно