Connect with us

Криптовалути

Се создава најголемата рударска фарма во светот за “рударење” на биткоини!?

Објавено

на

Германската компанија за “рударење” на биткоини, Northern Bitcoin, склучи договор за спојување со американскиот конкурент Whinstone со цел заедно да ја основаат најголемата рударска фарма во светот.

Според соопштението за јавноста на Northern Bitcoin, објавено во понеделникот, Whinstone веќе го гради гореспоменатиот објект, за кој се очекува да има капацитет од еден гигават на површина од над 100 хектари во Тексас. Рударскиот гигнат во најава за кој станува збор, наводно, ќе биде најголемиот центар за податоци во Северна Америка, пренесува Cointelegraph.

Првата фаза на изградба се очекува да се заврши во првиот квартал на 2020 година и ќе има капацитет од 300 мегавати. Целосната изградба се очекува да заврши во четвртиот квартал на 2020 година.

Првите два клиенти кои ќе ги искористат предностите на претстојниот објект, наводно, ќе бидат две корпорации со кои се тргува на берзата, а кои ќе користат значителен дел од својот рударски капацитет за “рударење” на биткоини. Сепак, откако ќе се заврши, центарот за податоци ќе овозможи забрзување на апликациите за видео стриминг и вештачка интелигенција.

Northern Bitcoin е компанија за тргување на берза и е основана минатата година и специјализирана за одржливо “рударење” на биткоини. Фирмата работи со фарма за “рударење” на биткоини во Норвешка која користи обновлива енергија.

Идејата за основање на најголемата светска компанија за “рударење” во САД е интересна, имајќи во предвид дека Кина до сега беше на чело на индустријата за “рударење” на криптовалути и беше домаќин на многу од водечките компании во индустријата, како што е Bitmain.

Според неодамнешната анализа, ниските трошоци за електрична енергија, покрај пристапот до ефтин хардвер, ја прават Кина конкурентна дестинација за операции за рударство со криптовалути, и покрај законското опкружување на земјата.

Криптовалути

Централните банки ги испитуваат ефектите од можно воведување на дигитални валути

Објавено

на

Најголемите светски централни банки се здружија со цел да истражат дали е неопходно да се издадат криптовалути. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Како банкарската крипто револуција ќе дојде од Швајцарија?

Објавено

на

Швајцарија која важи за една од најдобрите држави за чување и управување со личното богатство се повеќе ќе се насочува кон употреба на криптовалута како нов и модерен начин за задржување на приватноста на корисникот.

Водејќи се од таа помисла новата банка SEBA Bank AG до седиште во Цирих и глобални лиценци ги истакна своите амбиции за употреба на криптовалутите.

Една од главните услуги на SEBA Bank AG е издавањето на дебитна картичка која благодарение на напреден софтвер може да прави плаќања и во традиционални валути и во модерни како биткоин и инстантно да ја направи конверзијата.

Со истата картичка на SEBA покрај мобилни плаќања и трансфери може да се прават трансакции за тргување на повеќе криптоберзи на кои се менуваат вредностите на различни финансиски продукти и криптодеривати.

Визијата на основачот Гидо Булер ја споделуваат и голем број на ангел инвеститори бидејќи досега неговата банка има собрано 100 милиони франци финансирање за само 2 месеци.

Швајцарија се повеќе развива позитивна крипто клима. Falcon Group во изминатите три години веќе овозможува управување со биткоин средства за корисниците.

Швајцарскиот стартап Bitcoin Suisse  исто така аплицираше за глобална лиценца во Швајцарија со што ќе може да работи од комерцијално банкарство, до чување на валути и понуда на крипто услуги.

Предностите на крипто банките кои се во самиот зачеток е брзината на отворање на сметка, издавање на дебитна картичка и бројни бенефиции во делот на приватноста и ефикасноста во тргувањето со криптодеривати.

Според Булер овие предности се повеќе ќе ги привлекуваат инвеститорите кои сакаат да го избегнат физичкиот ризик од располагање со криптовалутите, нивно чување и управување.

Визијата на швајцарските крипто банкари е нивните услуги да се пренесат и кон генералното население со поголемата употреба на криптовалутите, наместо како сега на помала група на инвеститори и иноватори.

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот е непроценлив како валута

Објавено

на

Вреднувањето на биткоинот дека претставува криптовалута која е непроценлива е многу важен атрибут, особено во земји како Аргентина и други каде во моментов расте интересот за признавање и воведување на криптовалутите како платежно средство. (more…)

Продолжи со читање

Популарно