Connect with us

Платежни картички

Се појави првата дебитна картичка направена од цврсто злато која чини повеќе од 20.000 долари

Објавено

на

“Gold is the new black” или во превод златото е новата црна боја.

American Express со години ги воодушевуваше богатите клиенти со својата ексклузивна црна платежна картичка, резервирана исклучиво за ултрабогатите. Но, отсега богатството, статусот и престижот имаат нов симбол.

Новата дебитна картичка на британскиот Royal Mint е најскапата платежна картичка во светот. Платежната картичка е изработена од 18-каратно злато и чини неверојатни 18.750 фунти (23.440 американски долари) и може да се персонализира за клиенти кои вреднуваат висококвалитетни предмети за луксуз и престиж.

Користењето на оваа картичка или нејзино купување има и своја цена која чини над 20 илјади евра.

Royal Mint е ковачница за пари во државна сопственост, која произведува монети за Велика Британија. Работејќи под името Royal Mint Ltd, ковачницата за пари е ограничена компанија која е во целосна сопственост на Министерството за финансии на Велика Британија и е под ексклузивен договор за производство и снабдување на сите монети на нацијата.

 

Royal Mint соработуваше со Mastercard и со процесинг компанија за плаќања Accomplish со цел да создаде картичка наменета за луѓе кои го ценат луксузот.

Придобивките од поседувањето на оваа картичка, освен престижот, се и купувањето без ограничување и плаќање во странска валута без провизија.

Картичката нуди повеќе бенефиции, како што се посветени и персонализирани хотелски услуги и други придобивки од патувања, кои се дел од MasterCard World Elite Package.

Платежни картички

Охридска банка врши замена на сите платежни картички со ново лого

Објавено

на

Охридска банка АД Скопје врши интензивна замена на платежните картички на своите клиенти, физички и правни лица. Во овој процес кој ќе трае до 30 Септември 2020 година, Банката ќе ги замени сите дебитни и кредитни картички на своите клиенти со нови картички, со логото на матичната групација Штаермеркише Шпаркасе. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Со НЛБ Visa картичките, повеќе за сите!

Објавено

на

Плаќајте со НЛБ Visa картичките (Visa Electron, Visa Classic, Visa Gold) до 30.09.2020 година и направете минимум 10 безготовински трансакции на минимален износ од 300 денари по трансакција.

(more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Aплицирај за American Express кредитна картичка во септември и одложи го плаќањето во ноември

Објавено

на

Силк Роуд Банка во месец септември води промотивна кампања за сите нови примени апликации за American Express Green и American Express Gold кредитните картички. (more…)

Продолжи со читање

Популарно