Connect with us

Криптовалути

Се почесто се поставуваат биткоин банкомати на територијата на САД

Објавено

на

Во САД има нов тренд – се почесто се поставуваат биткоин банкомати низ целата земја. Машините може да се користат за купување или продавање на биткоини, а често и за повлекување на пари. Бројот на банкомати растеше рапидно во земјата во текот на изминатата година, тренд поттикнат од растот на дигиталната валута, која минатата недела достигна вредност од над 61.000 американски долари.

Во јануари 2021 година, во САД имало вкупно 28.185 биткоин банкомати, според независната веб-страница howmanybitcoinatms.com. Во последните 5 месеци се инсталирани дополнително околу 10.000 нови биткоин банкомати.

Зголемената популарност на биткоините е главниот двигател за инсталирање на нови АТМ машини. Причините зошто луѓето користат банкомати наместо преку интернет трансакции, се разликуваат. Некои добиваат готовина, други немаат банкарски сметки, други сакаат да испраќаат дознаки во странство или сакаат анонимност, додека други се чувствуваат поудобно во интеракција со физичка машина.

Ребека Вајт, 51-годишна инвеститорка во биткоин, која живее во областа Питсбург, прави поголеми инвестиции преку Интернет и користи банкомати за биткоин кога нејзиното семејство има дополнителни пари. „Кога ќе купиме намирници и ќе ни останат 60-70 долари, ќе застанам на банкомат и ќе купам биткоини“, изјави Вајт, која работи во постројка за нуклеарна енергија.

Некои машини нудат само биткоини, додека други им овозможуваат на клиентите да инвестираат во различни дигитални валути. Неколку банкомати со биткоин всушност можат да дадат готовина и да чинат повеќе од редовните банкомати или да овозможат интернет трансакции, пренесува „Reuters”.

Надоместоците варираат од 6 до 20% од вредноста на трансакцијата, во зависност од локацијата и операторот на банкоматот. Во моментов, нема банкомати само на Алјаска и Вашингтон.

„Coin Cloud” со седиште во Лас Вегас има 1.470 машини во САД и се очекува да има 10.000 до крајот на годината, изјави извршниот директор Крис Макалари. Иако постоеја стравувања дека пандемијата може да им наштети на деловните субјекти, сообраќајот на пешаците всушност се зголеми за време на блокадите.

Конкурентот со седиште во Чикаго „CoinFlip” ја зголеми својата мрежа од околу 420 машини минатата година на 1.800 сега, вели извршниот директор Даниел Полотски. Трансакциите со банкомат се зголемија скоро тројно во овој период. „CoinFlip” им наплаќа на клиентите 6,99% за набавката и 4,99% за продажба на крипто валутата.

„Bitcoin Depot” со седиште во Атланта го зголеми својот број на банкомати од 500 на повеќе од 1.800 во изминатата година, изјави извршниот директор Брендон Минц. Повеќето клиенти се на возраст од 25 од 40 години и наоѓаат банкомати преку пребарување на Интернет, објаснува тој.

General Bytes, кој произведува банкомати за биткоин, минатото лето беше привремено без залиха кога се зголеми побарувачката. Компанијата минатата година продаде 3.000 машини, од кои 90% отидоа во Северна Америка, рече основачот Карел Киовски.

Но, не секој банкомат привлекува клиенти. „Quad Coin” отстрани неколку машини инсталирани минатата година, бидејќи тие не оствариле профит во рок од 6 месеци.

Криптовалути

Објавено е првото тргување со фјучерси за биткоин

Објавено

на

Првото тргување на берзански фонд поврзано со фјучерси на биткоин беше извршено на Волстрит, што значи дека инвеститорите во криптовалути конечно го добија она што го бараа, пренесува „CNN”. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот со рекордна вредност во последните шест месеци

Објавено

на

Биткоинот денеска достигна рекордна вредност во последните шест месеци и се приближи до највисоката вредност во историјата, што ја достигна во април. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Ископани се речиси 90% од биткоините во светот: Што по нивното целосно ископување!?

Објавено

на

Биткоинот, најголемата и најпознатата криптовалута во светот, има ограничена понуда на монети, а речиси 90 проценти се веќе ископани. (more…)

Продолжи со читање



Популарно