Connect with us

Анализи

Се поевтини кредити во последните 5 години, но паѓаат и стапките на депозитите

Објавено

на

Каматните стапки на кредитите во последните пет години бележат постојан пад. Таков е трендот и за последниот статистички преглед за месец декември 2019 година кога каматната стапка на кредите се спуштила за прв пат под просекот од 5%. Ова се должи и на продолжувањето на послободна монетарна политика и помали трошоци за издавање на кредити на банките. Од друга страна пак, штедачите во последните пет години имаат помали каматни приливи на своите конта бидејќи исто така се намалуваат и каматните стапки за штедење.

„Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во декември, и натаму се намалува сведувајќи се на нивото од 4,94%, што преставува месечен и годишен пад од 0,06 п.п. и 0,39 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 1,26% и е намалена за 0,02 п.п. во однос на претходниот месец, додека на годишно ниво е пониска за 0,15 п.п“, објави Народната банка.

Последниот месец од годината која измина носи како што наведовме за прв пат во последниот период просечна каматна стапка на вкупните кредити под 5%. Просечната каматна стапка за кредитите за компаниите изнесувала 4,17%, додека пак за домаќинствата изнесува 5,70%.

„Просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор е намалена за 0,05 п.п. овој месец и изнесува 4,17%. Притоа, надолната промена се должи на намалувањето кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,06 п.п.), каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,04 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,01 п.п.). Оваа каматна стапка е пониска за 0,46 п.п., во споредба со истиот период претходната година“, објаснуваат од македонската централна банка.

Поголем пад се бележи кај новоодобрените кредити, кај корпоративниот сектор просечната каматна стапка на задолжување изнесува 3,80% и тоа е за прв пат да се спушти под границата од 4%, додека пак физичките лица се задолжувале со просечна каматна стапка од 4,71%.

„Во декември 2019 година, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор оствари месечен пад од 0,20 п.п и се сведе на 3,80%. Месечниот пад е резултат на надолното поместување кај каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,22 п.п. и 0,09 п.п., соодветно), додека каматните стапки на кредитите во странска валута се зголемени (за 0,31 п.п.). Споредено на годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,50 п.п“, надополнуваат од НБРСМ.

Депозитите со минимални каматни стапки

Ако задолжувањето и кредитирањето кај банките станува се поевтино гледано од аспект на каматата, тогаш пак штедењето станува се „поскапо“, односно штедачите се соочуваат со постојан пад на штедните стапки на годишно ниво. Тој тренд според нашата анализа го забележуваме во последните пет години. Во декември 2015 година вкупната каматна стапка на депозити девизни и денарски се движела околу 1,8%, за сега во декември 2019 година да изнесува 1,2%. Ако се гледа и кај денарските депозити кои вообичаено имаат повисоки каматни стапки во 2015 година просечната каматна стапка изнесувала околу 2,6% за сега да се движи до 1,7%.

„Просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата, овој месец, изнесува 1,23%, по месечниот пад од 0,02 п.п. Месечната промена произлегува од падот кај сите компоненти на оваа каматна стапка: каматните стапки на денарските депозити со и без валутна клаузула (за 0,22 п.п. и 0,03 п.п., соодветно) и депозитите во странска валута (за 0,01 п.п.). Оваа стапка, анализирано на годишна основа е пониска за 0,15 п.п“, потенцираат од НБРСМ.

Во декември 2019 новопримените депозити од компаниите добивале каматна просечна стапка од 1,11%, а надолната промена како на месечно и на годишно ниво, се должи на падот на каматните стапки на сите компоненти на депозитите.

Анализи

АНАЛИЗА: Рецесијата „тропа на врата“ – дали ќе влезе во економијата?

Објавено

на

Меѓународните експерти и финансиски институции го влучија алармот – 2020 та ќе биде година на економско преживување а со рецесија ќе се соочат и развиените економии. Во очекување на мартовските податоци за состојбата со буџетската каса – кај нас е јасно дека привите симптоми на Ковид 19 Буџетот ќе ги има веќе во март, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

И не е се така розово во поволностите на банките – ќе пресметуваат камата за грејс периодот

Објавено

на

Деновиве е актуелна мерката за мораториум на кредитните изложености во банките, односно народски кажано банките им ги стопираат плаќањата на своите клиенти физички лица за период од 3 до 6 месеци. Првично, оваа мерка изгледа одлично поготово за дел од клиентите кои во моментов се најзасегнати од моменталната кризна состојба предизвикана од коронавирусот. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

АНАЛИЗА: Банките ќе пресметуваат камата додека трае грејс периодот за отплата на долговите

Објавено

на

По донесувањето на уредбата од страна на Владата на РСМ, изработена од Министерството за финансии и Народната банка со која се овозможува побрза и поедноставна промена на договорните услови за кредитите на засегнатите граѓани и фирми, банките започнаа со објавување на своите понуди до клиентите.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно