Connect with us

Анализи

Се поголем е бројот на банкари – милионери!

Објавено

на

Банките се едни од најпрофитните организации, како во светот, така и во нашата земја.

Македонските банки беа исклучително профитабилни и изминатата година, во која забележаа профит близу 140 милиони евра, што претставува рекорд по заработката од нивното постоење на пазарот.

За европските банкарски гиганти веќе одамна се знае дека се исклучително профитабилни. Но, дали и вработените во банките се исто така, задоволни од заработката, како и самите банки?

Во еден извештај на Европската агенција за надзор на банки, дојдовме до сознание дека дури 4.860 вработени во банките ширум ЕУ во 2017 година, заработиле најмалку по еден милион евра, што е зголемување за 5,70% во однос на претходната година.

Најголемиот дел од тие вработени се со менаџерски позиции, а речиси три четвртини од нив живеат во Велика Британија и најголем дел примаат плати во фунти.

Најголем пораст на високи плати во банки има во Норвешка каде бројот на милионери во банките е повеќе од двојно – од 12 луѓе во 2016 година на 25 во 2017 година. И во Германија има зголемување – од 253 луѓе на 390 во 2017 година.

Според овие податоци, доаѓаме до сознание дека како што се зголемуваат профитите на банките во ЕУ, така растат и приходите на вработените.

Но, каков е случајот во Македонија, дали и тука со енормното зголемување на профитите на банките, пропорционално растат платите на вработените или…!?

Анализи

Петте најголеми банки поседуваат 81,3% од вкупната банкарска актива, ќе успеат ли помалите банки да конкурираат во иднина?

Објавено

на

Банкарскиот сектор во Македонија се окрупнува во последните две години, кога во 2020 година згасна Еуростандард Банка АД Скопје, додека во 2021 година Охридска банка АД Скопје се припои кон Шпаркасе Банка. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

АНАЛИЗА: Виза со најголем број на платежни картички, вкупно 31.566 картички се дигитализирани преку мобилен телефон или паметен уред

Објавено

на

Согласно најновите објавени податоци за издадени платежни картички заклучно со 30.09.2021 година од страна на Народната банка, можеме да заклучиме дека продолжува трендот на издавање и користење на бесконтактни картички и нивна дигитализација, односно користење за плаќање преку мобилен телефон, паметен часовник или други паметни уреди.  (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Кои се петте најпрофитабилни македонски компании заклучно со третиот квартал од 2021 година!?

Објавено

на

Македонскиот приватен сектор полека, но сигурно се опоравува од пандемијата на коронавирусот, а доказ за тоа е профитабилноста на компаниите. Заклучно со третиот квартал од годинава, македонските компании ја зголемиле добивката за 52,30 проценти во однос на истиот период од претходната година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно