НБРМ
Се одржа 41. сесија на Клубот на истражувачите формиран од Народната банка


Вчера се одржа 41. сесија на Клубот на истражувачите формиран од Народната банка. Со тоа успешно се заокружија активностите на Клубот предвидени за оваа календарска година. Во пандемични услови, во виртуелен формат, се одржаа четири сесии на коишто беа презентирани неколку научноистражувачки трудови, во областа на макроекономијата и финансиите.
По отворањето на сесијата со обраќање на вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, беше презентиран трудот „Кластерска анализа на посебни индикатори на банкарските системи на Северна Македонија, земјите членки на ЕУ и балканските земји” од Емилија Стојанова Ивановска.
Во трудот, со емпириски пристап се прави споредба на неколку показатели за банкарскиот систем, со цел да се согледа неговата сличност со земји членки на Европската Унија, или со селектирани земји од регионот. Како што беше посочено во презентацијата, врз основа на спроведената кластерска анализа, нивото на концентрација во банкарскиот систем на нашата земја умерено и прифатливо. Споредбено, тоа е повисоко од дел од земјите од регионот, а слично со некои од земјите членки на ЕУ.
Воедно, во ова истражување е направена и кластерска анализа на показателите за финансиско посредување, којашто покажува дека степенот на финансиско посредување во нашата земја и анализираните земји од регионот е понизок во споредба со повеќето од земјите членки на ЕУ. Според презентираните наоди, авторката заклучува дека има простор за понатамошно и постепено продлабочување на нивото на финансиското посредување во нашата земја, водејќи притоа сметка за соодветно преземање ризици и со тоа одржување на квалитетот на портфолиото на банките, коешто и врз основа на оваа анализа е оценето како подобро во однос на некои од земјите од ЕУ.
По презентацијата, на сесијата се водеше дискусија помеѓу учесниците, поттикната од трудот и изнесените заклучоци.
Следната сесија на Клубот на истражувачите ќе се одржи во март следната година.
НБРМ
Народната банка ја зголеми основната каматна стапка на 1,75%


На 10 мај 2022 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани најновите движења на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.
(more…)
НБРМ
Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот систем обезбедува солидна поддршка во целиот пандемичен период


Со помош на соодветно поставената банкарска регулатива и создадените заштитни механизми во изминатиот период, домашниот банкарски сектор остана во добра кондиција во текот на овие две години, кога домашната економија се соочува со неколку шокови со негативно влијание. Така, кредитниот раст воопшто не забави, како што се случувало во претходни кризни епизоди. Напротив, тој умерено забрза, со тоа што од втората половина од минатата година се забележува поголема поддршка на корпоративниот сектор, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за Марили. (more…)
НБРМ
Анкета на Народната банка: Банките и штедилниците најавуваат нови производи за „зелено кредитирање“


Речиси 90% од сите банки и штедилници кај нас сметаат дека климатските промени се важен извор на ризик за финансиската стабилност, покажува најновата Анкета за ризиците од климатските промени, којашто Народната банка ја спроведе на почетокот на 2022 година. Само 40% од банките и штедилниците имаат воведено нови производи и услуги како реакција на климатските промени. Сепак, 80% од испитаниците одговориле дека размислуваат да воведат вакви производи. Зелените кредити одобрени во приватниот сектор во 2021 година забележале раст за 2,7% во споредба со претходната година. (more…)
- Кредитипред 1 month
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје