Connect with us

Останато

Се одржа 4-тата меѓународна конференција за спречување на перење пари и финансирање тероризам

Објавено

на

Во средата, 15 јуни, 2022 година, беше означено успешно завршување на 4-тата меѓународна конференција за спречување на перење пари и финансирање тероризам.

Целта на настанот беше кревање на свест за влијанието на новите рестриктивни мерки, со споделување на ефектите и искуствата од регионот врз напорите за AML и CFT од страна на владите и приватниот сектор, трендовите на развојот на глобалната финансиска регулатива и врската помеѓу усогласеноста на истите.

Конференцијата беше отворена од страна на Славица Грковска, заменик претседател на Владата задолжен за политики за добро владеење, која се приклучи од Естонија.

„Сакам да се заблагодарам за можноста да се обратам на оваа конференција за спречување на перење пари и финансирање тероризам, прашања кои се од исклучително значење, каде сите треба да работиме заедно. Како клучен предуслов, за успешна борба на темата, сакам да потенцирам дека е дигиталната трансформација на општеството на што интензивно работиме, со поддршка и во соработка со естонскиот центар за дигитализација и САД, каде овој меморандумот потпишан помеѓу естонскиот центар, САД и нашата Влада, дава основа за прилично интензивни активности за подобрување на процесите на дигиталната трансформација.“ – изјави Гроковска.

Преку три панел дискусии, учесниците добија можност да се запознаат со најдобрите меѓународни практики во согласност со барањата на локално ниво, идентификување високоризични клиенти и соодветно следење и откривање на сомнителни трансакции.

На првиот панел – „НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И БОРБА ПРОТИВ ПЕРЕЊЕ ПАРИ“, модериран од страна на Љубица Пендароска, експерт за сајбер безбедност, беа вклучени говорниците Александар Вујиќ, Управа за финансиско разузнавање на РСМ, Дијана Рикаловска, CAMS, Оддел за AML и усогласеност во Шпаркасе Банка АД Скопје и Душко Гошевски, консултант, адвокат и комисионер во Комисијата за хартии од вредност на РСМ. Беше опфатена крипторегулацијата и борбата против перењето пари и финансирањето на тероризам и Препорака 15 – нови FATF технологии: регулатива, закон, вести и заштита.

Овде, Пендароска нагласи:„Новите технологии се многу важни и нераскинливо поврзани со борбата против перењето пари и финансирањето тероризам. На панелот се обидовме да дадеме одговор на прашањето: Како да се обезбеди заштита во услови кога постојано преку новите технологии и преку новите валути, сме изложени на различен вид на ризици?“

Вториот и третиот панел беа модерирани од Искра Ивановска Стојановска од Народната банка на Р.С. Македонија. На тема: „ЛИСТИ НА САНКЦИИ НА ОН И ЕУ“, дискусиите ги водеа говорниците: Гоце Трајковски (исто од НБРМ), Ивица Симоновски (Управа за финансиско разузнавање на РСМ), Светлана Николоска (Факултет за безбедност во Скопје) и Дафинка Кијевска (Сектор за контрола и истраги, Царинска Управа).

Панел 3 ги опфати FATF ПРЕПОРАКИТЕ 24 и 25: „Транспарентност и корисна сопственост на правни лица и правни аранжмани и нов закон за потекло на имотот“, каде говореа: Глигор Пандиловски, (Стопанска банка АД Скопје), Маријана Наумовска (Централен регистар на РСМ), Драгана Биковска, (Влада на РСМ – Советник на Заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење) и Илина Гаревска Илиевска, (Виш проектен директор, овластен специјалист за спречување перење пари (CAMS) во Советот на Европа).

За крај, Ивановска Стојановска од НБРМ изјави: „Се надевам дека ќе имаме уште многу вакви конференции, кои се потребни затоа што самата материја во однос на AML и CFT бара континуирано следење на честите промени, каде се јавува потребата за дискусија и дебата.“

На конференцијата учествуваа експерти од областите на управувањето, правото, економијата, новите технологии, сајбер безбедноста и образованието. Истата, онлајн собра 70-тина партиципиенти од сите институции, како што се банките, осигурителните компании, приватните и јавните компании и организации и сите заинтересирани страни кои работат или сакаат да работат во усогласеност.

Ова ја заокружи 4-тата меѓународна конференција за спречување на перење пари и финансирање тероризам, во организација на првата македонска банкарска академија – АБИТ и германскиот институт ХАЈДЕЛБЕРГ во Скопје. На затворањето на конференцијата, беше најавено она што следи, а тоа е 5-тата меѓународна контролинг конференција, закажана за 28 јуни, на тема: „Предизвици во контролингот: Одржливост | Нови бизнис модели | Трансформација | Криза“.

Останато

Рекордна инфлација од 14,4 проценти во Босна и Херцеговина

Објавено

на

Инфлацијата во Босна и Херцеговина во мај достигна 14,4 проценти во однос на истиот месец во 2021 година, што претставува највисоко ниво во историјата. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

South Side Cocktail Bar – првиот крипто бар во Македонија

Објавено

на

South Side Cocktail Bar е прв и единствен крипто коктел бар во Македонија, сместен во срцето на Струмица и место коешто има за цел да ја промовира крипто културата во Македонија и да ги едуцира луѓето за можностите што ги носи крипто светот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Започна етапната исплата на јунските пензии

Објавено

на

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.06.2022 година (вторник) започна етапната исплата на јунските пензии, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. (more…)

Продолжи со читање


Популарно