Останато
Се одржа финалето на Европскиот квиз на парите


Учениците Матеја Талеска и Дино Дановиц, од СУГС „Joсип Броз Тито“, под менторство на професорката Емилија Величкова, беа наши претставници на финалето на Европскиот квиз на парите, коешто се одржа денеска преку електронска платформа.
Станува збор за најголемиот европски натпревар за финансиска писменост за ученици на возраст од 13 до 15 години, којшто привлекува до милион учесници годишно од 29 европски земји. Европскиот квиз на парите е дел од иницијативите за финансиска писменост на Европската банкарска федерација, истакнувајќи ја важноста на финансиската едукација на младите. Меѓу тимовите ученици од 29-те европски земји коишто учествуваа денес на финалето на Европскиот квиз на парите, претставниците на Норвешка беа најдобри и најбрзи, втори беа од тимот на Италија, додека претставниците на Ирска го освоија третото место.
Националното финале беше организирано од страна на националните банкарски асоцијации и се одржа во март и април во 29 различни земји од Европа: Австрија, Азербејџан, Албанија, Германија, Грција, Данска, Естонија, Ирска, Исланд, Италија, Латвија, Литванија, Лихтенштајн, Малта, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Северна Македонија, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Финска, Хрватска, Чешка, Шведска и Шпанија.
„Интересот за Европскиот квиз на парите и натаму расте, со сè повеќе ученици кои секоја година го тестираат своето финансиско знаење. Многу е убаво да се види одлучноста на натпреварувачите во услови на здрава конкуренција“, вели Вим Мијс, главен извршен директор на Европската банкарска федерација.
Учениците кои нѐ претставуваа на финалето на Европскиот квиз на парите победија на националниот натпревар, којшто се одржа во март за време на Глобалната недела на парите, во организација на Македонската банкарска асоцијација, Народната банка и Комисијата за хартии од вредност. Ова е четвртиот пат наши претставници да учествуваат на овој меѓународен натпревар.
Останато
СЕФФ: Преку концептот зелена економија до отпорна економија со забрзан раст


Природните непогоди поврзани со климатски промени го намалуваат растот за 0,4 процентни поени во просек, додека кај помалку развиените економии и до 0,7 процентни поени, покажуваат пресметките на Меѓународниот монетарен фонд. Проценките се дека во претстојниот период негативниот ефект ќе биде уште поголем, особено кај помалку развиените економии, што укажува дека од особено значење е да се имаат предвид климатските промени при креирањето на идни економски политики. (more…)
Останато
Бесими: Ребалансот е одговор на кризата, предвидува кратења, но и додавања


Ребалансот е одговор на кризата која не можеше да се предвиди во перидот кога се подготвуваше Буџетот за 2022 и во него, освен кратења, има и додавања, но и реприоретизирање на средствата, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. (more…)
Криптовалути
Кристин Лагард: Криптовалутите се безвредни, тие не се засноваат на ништо!


Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард верува дека криптовалутите не вредат ништо, дека се целосно безвредни. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје