Останато
Се одржа работна средба за подготовка за Европскиот квиз на парите за 2021 година

За учество на националниот натпревар во рамките на Европскиот квиз на парите – еден од најзначајните меѓународни настани чија цел е финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години, оваа година се пријавени 174 одделенија односно класови од 72 основни и средни училишта од нашата земја, што упатува на повторно голем интерес меѓу младите за овој натпревар.
Денес, со виртуелна работна средба со наставниците и професорите координатори кои се одзваа на Јавниот повик, започнаа активностите за реализирање на натпреварот.
На средбата, менторите беа запознаени со материјалите за подготовка од Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, како и со начинот и текот на одржување на овогодинешното издание на Европскиот квиз на пари.
Националниот натпревар, по кој ќе бидат познати победниците – двајцата ученици коишто ќе ја претставуваат нашата земја на финалето, ќе се одржи на 24 март 2021 година преку електронската платформа „Кахут”.
Квизот е проект на Европската банкарска федерација и има за цел да ги поттикне училиштата и наставниот кадар во Европа повеќе да вложуваат во финансиската едукација на младите.
Нашата земја по третпат е дел од овој значаен проект, во организација на Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност и со поддршка од Министерството за финансии и Министерството за образование и наука.
Минатите две години, претставници на нашата земја беа европски вицешампиони.
Останато
Користењето на вештачка интелигенција е секојдневие во работењето на ИутеКредит

Креирањето на исклучително корисничко искуство на нашите клиенти е мисијата на Иуте Кредит. Како напредна финтек компанија користиме напредни технологии во секојдневното работење особено при услужувањето на клиентите. Нашата мобилна апликација Мој Иуте (MyIute), достапна и преку нашата веб страна, овозможува целосно самоопслужување, независност и дискреција. (more…)
Останато
Дури 40% онлајн продавници во ЕУ користат манипулативни техники

Од 399 онлајн продавници кои властите на Европската унија ги контролираа во претходниот период, дури 148 учествуваат во манипулативен бизнис, соопшти Европската комисија. (more…)
Криптовалути
КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)
- Анализипред 2 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер