Connect with us

Наградни игри

Се намалува наградниот фонд за наградната игра „Мој ДДВ, МојаНаграда“, средствата ќе се насочат за справување со Ковид-19

Објавено

на

Владата на вчерашната седница донесе одлука за намалување на наградниот фонд на наградната игра „Мој ДДВ, МојаНаграда”, со цел тие средства да се пренаменат за уплата во Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот КОВИД-19.

Со заклучок на Владата му се препорачува на Акционерското друштво за приредување игри на среќа „Државна лотарија на Република Северна Македонија” средствата во износ од 4.383.410,00 денари да ги уплати на донаторската сметка отворена во рамки на Генерален секретаријат на Владата наменета за донации од правни и физички лица за справување  со КОВИД-19 епидемијата.

Владата ги задолжи Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и Државна лотарија да склучат анекс на договорот за заедничко организирање на наградната игра „Мој ДДВ #МојаНаграда” и ја задолжи Државна лотарија да ги измени Правилата за приредување на наградната игра „Мој ДДВ #МојаНаграда” и да направи техничко прилагодување за реализација на одлуката, соопшти владината прес-служба.

Наградни игри

Избрани добитниците на наградната игра на Охридска банка и Виза – Визарата може се!

Објавено

на

Охридска банка АД Скопје ги избра добитниците на награди предвидени во наградната игра „Визарата може сè“, која траеше во периодот од 10.06.2020 до 30.09.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Наградни игри

Охридска банка ги објави добитниците од наградната игра „Визарата може сè!“

Објавено

на

Охридска банка АД Скопје со воведувањето на картичката Визарата, ја започна и новата наградна игра „Визарата може сè“.  (more…)

Продолжи со читање

Наградни игри

ВРЕДИ ДА СЕ ШТЕДИ! – Голема наградна игра на Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Во месецот на штедењето – октомври, Стопанска банка а.д. Битола ја започнува својата голема наградна игра „Вреди да се штеди”! (more…)

Продолжи со читање

Популарно