Останато
СЕФФ: Преку градење на сојузништва до поконкурентни и поотпорни економии во регионот


„Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“ е темата на Скопје Eкономски Финансиски Форум – СЕФФ, што во организација на Министерството за финансии се одржува во Скопје. Главен говорник на првиот ден од Форумот беше истакнатиот нобеловец Пол Кругман. Конференцијата ја отвори премиерот Димитар Ковачевски, а првиот панел беше посветен на монетарните и фискалните политики.
Преку градење сојузништва и зајакнување на меѓусебната соработка, економиите во регионот на Западен Балкан можат да станат поотпорни и поконкурентни. Во услови на криза, подобрувањето на врските, соработка на крупни инфраструктурни проекти, особено во областа на енергетиката и создавањето на одржливи синџири на добавување, можат да придонесат во голема мера во амортизирањето на ефектите од кризата. Ова беше посочено на Скопскиот економски форум – СЕФФ во рамки на дискусијата за вториот столб – Отпорност, конкурентност и економска соработка.
Воведничари на темата беа Сузан Дангер, извршен директор на АмЧам Европа и Мајк Зафировски од Заф групацијата и Македонија 2025. На панел дискусијата имаше повеќе претставници од стопански комори од земјава и регионот, како Драган Давитков од Ам Чам Северна Македонија, Петар Иванов од Ам Чам Бугарија, Елиас Спиртунас од Американско- грчката стопанска комора, Иван Милетиќ од Ам Чам Србија, Живко Мукаетов, извршен директор на Алкалоид, Ристо Јаневски од Стопанската комора на Северна Македонија, Трајан Ангелоски од Сојуз на стопански комори, Неби Хоџа од Економска комора на Северозападна Македонија и Анета Антова Пешева од МАСИТ. Модератор на овој панел беше Марјан Петрески, универзитетски професор.
За време на дискусијата беше истакната важноста од иницијативите како Отворен Балкан со кои се олеснува движењето на работна сила, стоки услуги и капитал. Преку поврзување на пазарите, компаниите од земјите можат да добијат пристап до поголем број на потрошувачи и да го зголемат обемот на нивниот пласман. Исто така олеснувањето на движењето на стоки може да придонесе до олеснувањето на синџирите на добавување, особено во услови на криза.
Дискутантите ја посочија и важноста од странските директни инвестиции за развојот на економиите преку внесување на свеж капитал и пренесување на нови технологии. Влезот на индустриски гиганти во регионот, не е само од значење за земјата каде ќе инвестираат, туку придобивки се креираат за целиот регион, преку отворање на работни места и поврзување со локални компании. Од големо значење за инвеститорите е владите да имаат солидна регулатива и конзистентни политики на кои тие ќе им веруваат.
Во однос на подобрувањето на конкурентноста, беше сумирано дека и владите и компаниите можат многу да придонесат многу во нејзино подобрување, особено преку дигитализацијата. Учењето и применувањето на новите процеси може да придонесе многу во насока на креирање на поголем обем на производство, но и во насока на креирање додадена вредност.
Останато
Бесими: Не ни треба триумфално решение, туку најоптимално решение за прогресивниот данок


Низ дебата сакаме да дојдеме до најоптималното решение за прогресивниот данок. Не сум да одиме со триумфално решение, туку со решение прифатливо од сите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за МИА. (more…)
Останато
Инфлацијата во Хрватска достигна рекордни 12,3 проценти


Потрошувачките цени во Хрватска во јули пораснаа 12,3 проценти во однос на истиот месец минатата година, што претставува највисока стапка на инфлација откако Државниот завод за статистика (ДЗС) ги евидентира податоците. (more…)
Останато
Бесими за МИА: И да не отворевме дебата за даночните реформи, има закони кои стапуваат во сила од 1 јануари


И да не ја отворевме дебатата за даночните реформи, има законски решенија кои стапуваат во сила од 1 јануари 2023 година, како што се за оданочувањето на приходите над милион денари годишно и оданочувањето на каматите на депозитите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за „МИА”. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје