Connect with us

Останато

СЕФФ: Вложување во човечки капитал и дигитализација за поголем економски потенцијал

Објавено

на

Преку подобрувањето на структурата на економијата, односно зголемената конкурентност, иновативноста, адекватноста на пазарот на труд, ќе се придонесе кон подобрувањето на економскиот потенцијал и отпорноста на економијата. Оттаму спроведувањето на структурните реформи, не треба да запре за сметка на справувањето со кризата, туку да се одвива напоредно, со цел на среден рок да се креира економија која ќе даде подобри перформанси.

„Спроведувањето на структурните реформи, вложувањето во човечкиот капитал, финансиските иновации и инвестиции“, е четвртиот столб за дискусија на Скопскиот економски и финансиски форум – СЕФФ, кој се одржува на 30 и 31 мај во организација на Министерството за финансии. На форумот признати експерти и функционери од земјава и регионот ќе дебатираат за предизвиците во постпандемискиот период и градењето на поотпорна економија.

„Способноста на една земја со тек на време да го подобри животниот стандард, скоро целосно зависи од нејзината способност да ја зголеми продуктивноста по вработен” – рекол добитникот на Нобелова награда за економија, американскиот професор Пол Кругман, кој ќе биде главен говорник на СЕФФ 2022. Учеството на овој исклучително важен гостин е обезбедено во соработка со Американската стопанска комора во Северна Македонија – АмЧам.

Според вкупниот фактор на продуктивноста, кој го мери економскиот резултат според сите инпути коишто се користат за да се продуцираат стоките и услуги, како труд, капитал, енергија и материјали, за време на пандемијата продуктивноста во Република Северна Македонија опаднала за -4,5 во однос на последните десет години пред кризата, што се должи на падот на продуктивноста на трудот. За споредба, кај другите земји од Југоисточна Европа, намалувањето во однос на преткризниот период е -2,6. Исто така, додека во регионот во постпандемискиот период овој индикатор станува позитивен , што покажува дека продуктивноста го достигнала и надминала предпандемиското ниво, кај нас е се уште негативен, пред се поради поспорото опоравување на квантитетот и квалитетот на продуктивноста на трудот.

Ова укажува на тоа дека треба да се делува кон структурните фактори, кои ќе придонесат за зголемување на квалитетот и квантитетот на продуктивноста на трудот и подобро користење на капиталот и ресурсите. Тука е капиталот – вложувањето во инфраструктурата, дигитализацијата на процесите, иновативноста, но пред се вложувањето во човечки капитал, кој е двигател на сите останати фактори.

Податоците на Светска банка покажуваат дека иако има благо подобрување низ годините, индексот на човечки капитал кај нас се уште е доста понизок од европскиот просек. Кај нас тој изнесува 0,56, што би значело дека дете родено денес, согласно вложувањата во образование, здравство и социјала ќе искористи само 56% од својот потенцијал. За споредба просекот во ЕУ се движи околу 75%.

Потребен е стратешки пристап за решавање на ова прашање, кое Владата го адресира преку Стратегијата за човечки капитал. Таа предвидува повеќе механизми за унапредување на здравството, социјалата, но пред се образовниот процес.

Преку поддршката на дигитализацијата, може да се креира синергија во зголемувањето на економскиот потенцијал, преку раст додадената вредност. Оттаму таа е приоритет за Владата, како од аспект на јавната адинистрација, така и од аспект на поддршка на иновативноста на компаниите.

Поддршката на развојот на финтек, исто така е во оваа насока, односно обезбедување на нови поевтини финансиски услуги. Годинава беше донесен Законот за платни системи и платни услуги – стратешки закон кој ќе ја дозволи финтек револуцијата и следењето на светските трендови во финансиските услуги и кај нас.

Останато

ЛЕСНО Е КОГА ИМАШ ИЗОБИЛСТВО НА ЗЛАТО – Гана набавката на нафта ќе ја плаќа во злато наместо во долари

Објавено

на

Владата на Гана работи на план да купува нафта со плаќање во злато наместо со долари, објави на Фејсбук, потпретседателот на државата Махамуду Бавумиа. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечна плата во септември изнесувала 32.553 денари

Објавено

на

Просечната исплатена нето-плата по вработен, во септември годинава изнесувала 32.553 денари и е за 12,8 проценти повисока од истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бундесбанк: Германското стопанство зимава ќе влезе во рецесија

Објавено

на

Германското стопанство ќе западне во рецесија во зимската половина од годината, по неочекуваното зголемување на активноста во летниот квартал, предупреди Централната банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно