Connect with us

Странски банки

Сеуште не можат да ги преболат, Германците и по 18 години уште чуваат марки

Објавено

на

По 18 години од воведувањето на еврото, германските граѓани сè уште не можат да ја преболат и во своите домови ја чувуваат старата германска валута, марката. Германците чуваат стари банкноти и монети во вредност од 12,46 милијарди марки (6,37 милијарди евра), објави Централната банка на Германија.

„Од 12,46 милијарди германски марки што сè уште граѓаните не ги разменија во евра, 5,83 милијарди се банкноти и 6,63 милијарди се монети”, – објави Deutsche Bundesbank.

Најмногу има од банкнотите во апоени од 100, 500 и 1.000 германски марки.

Граѓаните сè уште разменуваат германски марки во вредност од 35 до 45 милиони евра годишно.

Но, најголемата количина германски марки беше повлечена веднаш по воведувањето на еврото, на почетокот од 2002 година.

За разлика од другите земји што го воведоа еврото, во Германија не постои временски рок за старата валута да се конвертира во евро. Девизниот курс сè уште е непроменет: едно евро вреди 1.955583 германски марки.

Странски банки

Сбербанк прогласена за највредниот руски бренд во светот

Објавено

на

Според меѓународната агенција „Brand Finance“, „Sberbank” е сè уште највредниот руски бренд. Вредноста на брендот „Sberbank” е 13.233 милијарди долари, што е за 870 милиони долари повеќе од вредноста која ја имаше кон крајот на 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Deutsche Bank: За две години дигиталните валути ќе бидат мејнстрим

Објавено

на

Новата студија изработена од страна на „Deutsche Bank” предвидува дека за две години дигиталните валути ќе бидат дел од мејнстримот во употребата на платежните средства. Германските банкари сметаат дека дигиталните валути може целосно да ги променат плаќањата, банкарските услуги, потоа мерките на централните банки како и да ја променат економската моќ. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Две земји имаа најдобар почеток на годината

Објавено

на

Економијата во еврозоната порасна во јануари со исто слабо темпо како и во претходниот месец, одржувајќи постојан слаб прилив на нови нарачки, покажува месечниот извештај на лондонски „Markit”. (more…)

Продолжи со читање

Популарно