Connect with us

Криптовалути

Серена Вилијамс инвестира во криптовалути!?

Објавено

на

Една од најуспешните тенисерки на сите времиња, Серена Вилијамс на својот Инстаграм профил објави дека има инвестиција во берзата за криптовалути Coinbase.

Вилијамс ја искористи социјалната мрежа за да ја промовира својата компанија за вложување во капитал „Serena Ventures“, која беше основана во 2014. година.

Во публикацијата тенисерката набројува компании, во кои има инвестирано, а меѓу нив се истакнува името на „Coinbase“, како и на стартапи, активности во развој во области како фитнес, мода, храна и здравје.

„Во 2014 година ја основав „Serena Ventures“ со мисијата да им дадам можности на претприемачите во голем број на индустрии. „Serena Ventures“ инвестира во компании кои ја промовираат разновидноста во лидерството, зајакнување на индивидуите, креативноста и можностите“, пишува во објавата на Серена Вилијамс.

На веб-страната на „Serena Ventures“ се вели дека компанијата има инвестирано во над 30 компании со вкупна пазарна капитализација од 12 милијарди долари. Нема детали за тоа колку изнесува инвестицијата на Вилијамс во „Coinbase“ и кога таа се случила.

Криптовалути

Корона кризата по цената на златото ја зголемува вредноста и на криптовалутите!?

Објавено

на

Вредноста на најпопуларната криптовалута, биткоин, достигна вредност од 12.000 американски долари за прв пат од август 2019 година, според податоците од криптовалутната берза „Coindesk“. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Повозрасните генерации се почесто инвестираат во биткоини за време на пандемијата!?

Објавено

на

Припадниците на постарите возрасни групи, т.н. бејби бумери и генерација икс ги удвојуваат своите инвестиции во криптовалутата биткоин секој месец од февруари, покажуваат податоците собрани од аналитичарите на лондонската платформа Мод Банкинг (Mode Banking). (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Централната банка на Литванија прва ќе издаде дигитални пари

Објавено

на

Централната банка на Литванија се подготвува да издаде дигитални пари и ќе биде првата централна банка во еврозоната што ќе го стори тоа, објави „Reuters“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно