Connect with us

Домашни банки

Семинар „Лекции за управување со човечки ресурси„ организиран од ЕБОР и НЛБ Банка

Објавено

на

Семинарот е наменет за сопственички и управителки на мал или среден бизнис. Семинарот е бесплатен за учесничките, односно е финансиран од страна на ЕБОР, Шведска и Луксембург, а е организиран во соработка со НЛБ Банка АД СКопје.

Истакнатиот предавач г-дин Јован Маџовски, Експерт за бизнис развој и човечки ресурси во CEED Macedonia (Center for Entrepreneurship and Executive Development) & USAID Проект за микро и мали компании, ќе ги сподели своите знаења за холистичкиот концепт за управување со човечките ресурси, најдобрите практики во оваа област и односот со вработените во малите и средните компании. Исто така, фокусот ќе биде ставен на совети за подобар избор при регрутирање нови вработени и како да се мотивираат вработените.

Дополнително, ќе имате исклучителна можност да ја проширите Вашата мрежа на бизнис контакти, да запознаете други жени во бизнис од Македонија, како и да го споделите Вашето знаење и искуство. Истовремено, ќе научите како Business Lens алатката на ЕБОР може да Ви помогне во идентификување на Вашите бизнис предности и уште позначајно да ги идентификувате можностите за понатамошен развој.

Настанот ќе се одржи на 2ри ноември во дирекцијата на НЛБ Банка во Скопје. Доколку сакате да учествувате Ве молиме потврдете го Вашето присуство до 30 октомври 2018 год. на kovachei@ebrd.com. Во емаил пораката наведете ваше име, презиме, од која компанија доаѓате и ваша позиција.

Домашни банки

Стопанска Банка АД Скопје ја зголеми добивката за над 2 милиони денари

Објавено

на

Во периодот од 01.01.2018 до 30.09.2018 година Стопанска банка АД – Скопје оствари добивка во износ од 2.589.629.000 денари. Станува збор за зголемување на добивката за 37,7% споредено со истиот период од 2017 година, соопшти банката преку Македонската берза. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Важен е ИВАН ЃАКОВСКИ…затоа што се грижи нашиот оброк да биде органски и здрав

Објавено

на

Иван Ѓаковски – некои го познаваат како сопственик на Vega Fresh Bar, некои како активен спортски лик, но оние што не го познаваат треба да знаат дека ова момче од позитивна идеја и лична пасија успеа да изгради сопствен бизнис, кој успешно го развива веќе 4 години. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола го одбележа Светскиот ден на штедењето

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола и оваа година го одбележа Светскиот ден на штедењето 31 октомври. Со цел поттикнување на добрите навики кои се учат и стекнуваат уште од мали нозе вработените од Стопанска банка а.д. Битола беа во посета на детски градинки во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и Струмица. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange