Connect with us

Останато

Семејството Ротшилд обвинето за перење пари

Објавено

на

„Ротшилд“ банката е обвинета за учество во перење пари преку државниот инвестициски фонд на Малезија – 1МДБ.

Швајцарските власти ја спроведоа истрагата, а главна цел им беше банката „Ротшилд“ и нејзината фирма ќерка „Ротшилд труст“. Ниту една од нив не успеа да го објасни потеклото на имотот добиен од лица осомничени за перење пари, ниту, пак, да оправда неколку многу ризични трансакции.

Случајот против малезискиот фонд 1МДБ се води од 2011 година. Раководството е осомничено за злоупотреба на повеќе од 4,5 милијарди долари, предвидени за проекти за економски развој на земјата.

Швајцарските власти планираат да спроведат дополнителна истрага за таа банка.

 

Останато

Стопанска комора: Поквалитетно формално образование и без предрасуди кон средното стручно

Објавено

на

Да се зголеми квалитетот на формалното образование, а неформалното да овозможи побрзо приспособување кон барањата и потребите на пазарот на трудот, апелира Стопанската комора на Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Преку веб-платформата „Граѓански буџет“, граѓаните ќе имаат увид во Буџетот на РМ

Објавено

на

Буџетот на Република Македонија станува уште подостапен до граѓаните преку веб-платформата изработена од победниците на ФинХакатонот. Како што беше истакнато денеска на прес-конференција во Министерството за финансии, граѓаните ќе ги дели само еден клик до сите информации за приходите и расходите во буџетот. На овој начин буџетот ќе им стане подостапен на граѓаните. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ММФ: Исправни се мерките за одржливоста на пензиите, социјалната еднаквост и поддршка на вработеноста

Објавено

на

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд која го одржа завршниот состанок во Министерството за финансии, оценува дека е исправно што Предлог-буџетот за 2019 година е фокусиран на оддржливоста на пензискиот систем, промовирањето на социјалната еднаквост и поддршката на вработеноста. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange