Connect with us

Осигурување

Семејно приватно здравствено осигурување!

Објавено

на

Грижата за здравјето и можноста за најквалитетно лечење во модерните здравствени установи се на првото место на приоритети во животот. Здравјето е сè во животот и без здравјето сè друго е ништо.

Затоа “Еуролинк Осигурување„ го претстави нивниот најнов продукт приватно здравствено осигурување СЕМЕЈНО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ со кој се овоможува здравствена заштита на целото семејство во најпознатите, најдобрите и најмодерните приватни здравствени установи во Република Македонија (Клиника Жан Митрев, Ремедика, Аџибадем Систина, Санте Плус, Систина Офталмологија, Плодност – Битола, Неуромедика,  Специјалната очна болница „Деница“, ПЗУ Поликлиника Дента ЕС, ПЗУ Дентизар – Специјалистичка ординација по стоматолошка протетика, Стоматолошка ординација Круна МС, Медикал центар Промедика, Приватна здравствена установа-ординација за општа стоматологија и специјалистичка по орална хирургија Дентин – Скопје и др.) и во Европа, без ограничување и по избор на клиентот.

Со овој продукт се предвидуваат и трошоци за превентивни прегледи по избор на осигуреникот без претходна индикација и тоа:

  • Гинеколошки преглед:  ПАП-тест, ултразвук, гинеколошки преглед,
  • Кардиолошки преглед: консултативен преглед, ултрасонографски преглед,
  • ЕКГ,
  • Комплетна дијагностика на гради: клинички преглед, ултразвук на дојка,
  • Мамографија,
  • Уролошки преглед: консултативен преглед, ехо на простата, ПСА (тумор-маркер),
  • Интернистички преглед:  консултативен преглед, ехо на абдомен,
  • Стоматолошки прегледи,
  • Офталмолошки прегледи,
  • Лабораторски анализи: крвна слика, серумско железо – Fe, седиментација – SE, уринарен статус, уринарен седимент, гликемија,
  • HgA1C – гликолизиран хемоглибин, холестерол, триглицериди, HDL – липопротени со висока густина,
  • LDL – липопротеини со ниска густина, уреа, креатинин, ацидум урикум, вкупен билирубин, директен билирубин, AST (GOT ); ALT ( GPT), GGT Gamma – glutamul transferase,TSH  и слободен Т4 Тироидни
  • хормони, PSA.

Територијална важност:

  • Република Македонија за покритијата “ОСНОВНО” и “КОМФОРТ”
  • Европа без Велика Британија, Русија и Швајцарија, за покритието “ПРЕМИУМ”

Зошто семејно приватно здравствено осигурување?

  • Директна исплата на трошоците за лекување кон приватните здравствени установи за болничко лекување и лекување малигни болести
  • Можност за заштеда доколку не користите здравствена услуга во текот на осигурителниот период. Попуст од 6.000 денари се пресметува како попуст на премијата при обнова на полисата од претходниот период.
  • Заедничка осигурена сума/лимит како максимална обврска на осигурувачот за сите членови на семејството
  • Членови на семејството се брачни другари на возраст до 64 години и деца на возраст од 1 до 30 години.

За повеќе информации и искуства од корисници, проверете тука.

Осигурување

НАЈАВИТЕ СЕ ОСТВАРИЈА: Триглав започна постапката за основање на пензиско осигурување во Македонија

Објавено

на

Заваровалница Триглав известува, дека достави барање за основање на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови до македонската агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС). (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Арт Гаши именуван за Генерален Директор на ЕУРОСИГ АД СКОПЈЕ

Објавено

на

Друштвото за осигурување ЕУРОСИГ АД СКОПЈЕ по донесена одлука од Надзорниот одбор изврши промена на овластено лице – Претседател на Управен одбор и Генерален директор на друштвото. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав Осигурување воведува осигурување на малигни заболувања на пазарот

Објавено

на

Триглав Осигурување, денес, на Светскиот ден за борба против ракот, воведува нов производ на пазарот, осигурување на малигни заболувања. Ова покритие е дел од пакетот за доброволно приватно здравствено осигурување за лекување во приватни здравствени установи, кое што вклучува специјалнистичко вонболничко и болничко лекување и осигурување на операции. Наменето е за резидентниот сегмент, за индивидуални и за семејни корисници и обезбедува материјална заштита во најкритичните моменти во животот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange