Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Колумни

“СЕКОЈ Е ЗАМЕНЛИВ”

Објавено

на

Последниве години тенденција во банкарскиот сектор, па и пошироко, е да си заминуваат квалитетните кадри, а на нивно место да се вработат неколку класи помалку едуцирани вработени кои ќе се “обидат” да го надоместат отсуството на нивниот претходник.

И до некаде успеваат во тоа, го надоместуваат местото, но единствено во физичка смисла, односно на местото каде што седел искусниот вработен, кој веќе научил како да живее во институцијата, сега седнува неискусен вработен кој за жал, во најголем дел од ситуациите не се цени ниту самиот себе си бидејќи ја прифаќа работата на принципот “Абе какви ги има, прифати и не збори многу”.

Но, реалноста е многу различна. Реалноста е дека на онаа другата страна, страната на клиентите, и тоа како се чувствува недостатокот на претходниот, квалитетниот кадар.

Зошто е тоа така, ќе презентираме низ неколку ситуации:

Квалитетот на услуга оди во надолна линија

Секогаш кога си заминува квалитетен вработен, нивото на услуга која ја нудела организационата единица каде работел тој вработен губи на квалитет. И така е логично, бидејќи си заминува вработен кој ги познава сите процеси, процедури, останати вработени во институцијата, а на негово место доаѓа новајлија. Си заминува вработен кој уште кога ќе влезеш од врата може да претпостави за што доаѓаш, со поглед се разбирате. Не велам дека по одреден период (недели, месеци, години) новиот вработен нема и да го надмине претходниот – но на краток рок клиентот ќе почувствува дека нешто е променето во однос на услугата која дотогаш му била овозможена.

Максимизирање на профитот

Имам впечаток дека профитот е најважната работа на светот! Зошто? Затоа што се може да се случи, ама на профитот мора да се мисли и мора да се оствари. И за таа цел се поставуваат високи таргети. Не дека се неостварливи, но се високи и бараат сериозни, понекогаш и надчовечки напори за да се постигнат. А, кој не сака да си го оствари поставениот таргет? Кога сме кај таргетот, се зависи од него. Дали ќе одиш на годишен одмор, дали смееш да земеш боледување, дали ќе земеш бонус, дали ќе те пуштат на службено патување, итн…се е во насока на остварување на таргетот.

Е сега, да се вратиме на она кога си оди искусен вработен – кој е заменлив и на негово место доаѓа неискусен вработен – замената. Не знам дали е потребно овде дополнително да се дава образложение или само да појдете во било која институција и да го прашате вашиот банкар/осигурителен агент што за нив значи оваа промена и од самиот поглед се ќе ви стане јасно.

Со други зборови, таргетот останува ист – реално ништо не се менува но теретот на постоечките вработени се зголемува додека да се научи овој новиот.

Улогата на егото

“Модерниот” менаџмент не сака да признае дека загубата на одреден вработен е навистина тежок процес за компанијата. Дури и под претпоставка да си замине најдобриот вработен, менаџерот кој е одговорен за вработениот ќе најде толку добри изговори зошто вработениот и не е толку неопходен за институцијата, просто да поверувате дека навистина е така. И сето тоа, само за да не се признае дека си заминува човек со високи квалитети и да не се признае неговиот дотогашен ангажман. Ако е потребно и ќе се измисли некоја грешка, само за да му се “наштети” на вработениот кој си заминува од работа.

Мамини и татини синови и ќерки

Од сите зла на човештвото, ова е најголемото! Кога пријател ќе побара услуга да вработиш некој негов близок, па ќе ти вети дека работењето ќе го префрли преку конкретната институција (ќе работи со таа банка, ќе осигурува во таа осигурителна, ќе уплаќа во тој фонд, итн). Овде проблемот е неколкукратен. Прво, тој што ќе те вработи ќе очекува дека цел живот ќе му бидеш потчинет и ќе те гледа како средство за максимално да заработи на твој грб. Второ, ти ќе мислиш дека поради тоа што си таму со “врски” не треба многу да се вложуваш и лежерно ќе се однесуваш. Трето, потсвесно ќе придонесуваш кон раздор во компанијата.

Ретко се случува да се наиде на вработен од кој ќе се плаши пола институција дека може да им ги преземе позициите, тоа е зошто middle менаџментот сака да е комотен и во својата гранка од организационата шема бираат токму такви вработени кои најверојатно нема да ги загрозат. Но, долгорочно, со таков кадар не ни може да се очекуваат солидни резултати. Ограничен кадар носи ограничени резултати. Квалитетен кадар носи квалитетни резултати.

Сакаме квалитетен кадар во банките, осигурителните компании и останатите финансиски институции!

Затоа што секој НЕ е заменлив. Јас не сум заменлив/а, ти не си заменлив/а, ние не сме заменливи!

Затоа што ви ги доверуваме нашите пари!

(Банкарот)

Колумни

Како популарните игри Fortnite и Clash of Clans се користат за перење пари?

Објавено

на

Кога мислите на перење пари, лесно е да се замислат салони за нокти, школки корпорации или банкарски сметки во странство. Но, како што се појавуваат нови технологии како криптовалутите, така се појавуваат и нови методи за претворање на нелегално стекнатите придобивки во оданочен приход. Сепак, најочигледните методи не се најдобри. Додека биткоинот продолжува да напредува, креаторите на политики, полицијата и обвинителите инвестираат повеќе ресурси во борбата против нелегалните шеми. Како одговор, постои сомневање дека претприемничките криминалци се свртуваат кон поиновативни решенија, како перење пари со помош на масивни мултиплеер игри. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Клиенти кои знаат сè…

Објавено

на

Сите сме ја слушнале познатата изрека “Клиентот е секогаш во право” и до некаде може да се сложиме со оваа констатација единствено поради фактот дека ние – продавачите сме таму токму поради клиентите и реализирањето на нивните барања, потреби, желби, но… (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Перење на трансакции е новиот, напреден облик на перење пари

Објавено

на

Електронското перење пари, познато како Перење на трансакции, е дигитална еволуција за перење пари и стана еден од најголемите предизвици со кои се соочува режимот против перење пари (АМЛ) денес. Принципот е едноставен: непознат онлајн бизнис користи платежни ингеренции на овластен трговец за обработка на трансакции со кредитни картички за непознати производи и услуги. Перењето на трансакции претставува форма на перење пари што се случува кога плаќањата се за незаконски цели – како фалсификувана стока, дрога, нелиценцирано коцкање – се обработуваат од страна на легитимни трговци во име на друга страна. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange