Connect with us

Останато

#СедиДома и освој 50.000 евра награда од наградната игра „МојДДВ #МојаНаграда“

Објавено

на

Една од двете  главни награди од по 3.000.000 денари, од наградната игра „МојДДВ“ треба да биде доделена вечерва.

Досега беа извлечени 30 добитници на награди од по 100.000 денари, а секојдневно се доделуваат награди од по 1000, 2000 и 3000 денари.

Наградите се влечат електронски, известувањето се добива веднаш по скенирање на сметката. На месечно ниво предвидено е доделување на 15 награди по 100.000 денари, а освен денешната награда, уште една главна награда треба да биде извлечена на 19-ти декември 2020 година.

Доделувањето на наградата ќе биде во живо на „Канал 5“ телевизија, со почеток од 20:30 часот, веднаш по Лото извлекувањето.

Наплатата на ДДВ во првото полугодие од спроведувањето на „Мој ДДВ“ е подобрена 11%. Министерката за финансии, Нина Ангеловска, во вчерашното гостување во емисијата „Топ тема“, вели дека подобрувањето на наплатата на ДДВ е показател дека мерката дава резултати во сузбивањето на сивата економија, а 260.000 граѓани контролори за тоа добиваат награда преку поврат на ДДВ, но и преку наградната игра „МојДДВ #МојаНаграда“.

Ангеловска посочи дека преку гемификацијата во извештаите на Европската комисија е цитирана како една од најдобрите мерки за справување со сивата економија. Граѓаните што скенираат сметки имаат трикратна корист – помагаат во сузбивање на сивата економија, што ќе придонесе во иднина да добиваат подобри јавни услуги, добиваат поврат на ДДВ и добиваат можснот за награда преку наградата игра „МојДДВ #МојаНаграда“.

Граѓаните кои учествуваат во наградната игра „МојДДВ#МојаНаграда“ не само што имаат можност да добијат една од 3.852 парични награди, со вкупен фонд од половина милион евра, туку и секои три месеци добиваат поврат на ДДВ и што е најважно, придонесуваат во борбата против сивата економија.

Останато

Подобра координација меѓу институциите за навремена исплата на помошта од економските мерки

Објавено

на

Во подготовка на законските решенија за имплементација на економските мерки од четвртиот пакет да постои подобра координација меѓу надлежните институции и да бидат прифатени забелешките во однос на процедурите кои ги дава приватниот сектор, побара Комората на сметководители на Македонија на денешната прес-конференција. Само така ќе се донесат функционални решенија кои ќе овозможат  предвидената помош за надминување на штетните ефекти од пандемијата врз стопанството да стигне до оние на кои им е најпотребна и нема да се остави простор за различни толкувања на законските одредби што ќе создаде дополнителна правна несигурноста. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Кој е најголемиот победник од коронавирусот?

Објавено

на

Додека светот се соочува со новиот бран на коронавирусот и секојдневно брои голем број на новозаразени, но и починати лица, а економската криза предизвикана од пандемијата се вжештува, во позадина, американско-кинеската економска војна продолжува да го зазема и воспоставува првото место во светот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Стратегијата на Атлантик Група е отпорна на кризи

Објавено

на

Работењето на Атлантик Група покажа високо ниво на стабилност во текот на првите девет месеци од 2020 година, и покрај економските превирања предизвикани од пандемијата КОВИД-19. Компанијата оствари 518,3 милиони евра приход од продажба, што е за 3,1% помалку од истиот 2019 година, но кога ќе се земат во предвид деловите од бизнисот кои во меѓувреме беа деинвестирани, приходот остана на истото ниво како од првите девет месеци минатата година. Заработката пред камати, даноции амортизација (EBITDA) изнесува 78,1 милиони евра и е пониска за 7,7 проценти, додека без еднократни ставки порасна за 2,4 проценти. Нето добивката изнесува 41,2 милиони евра и без еднократни ставки се зголеми за 5,6 проценти во споредба со првите девет месеци од 2019 година, додека номинално се намали за 12,7 проценти. (more…)

Продолжи со читање

Популарно