Connect with us

Кредити

Сега може да аплицирате за субвенција за „Купи куќа, купи стан“ – Кои се условите и можностите?

Објавено

на

Граѓаните кои сакаат да купат стан или куќа преку искористување на државни субвенции со проектот „Купи куќа, купи стан“ тоа веќе може да го направат бидејќи Министерството за финансии го објави новиот повик.

Со продолжување на мерката за субвенционирање на дел од учеството или дел од месечната рата, граѓаните до крајот на годинава ќе може повторно да аплицираат за добивање на средства за покривање на трошоците за нивното станбено прашање, односно ќе може да се аплицира до 31 декември 2020 година.

Субвенционирање на станбен кредит може да се користи за купување на нов стан, надградба/доградба на посебна станбена единица во рамки на постоечка куќа или изградба/купување на нова куќа чија корисна станбена површина не надминува 150 м2.

Во текот на јавниот повик во 2020 година, заинтересираните граѓани ќе треба лично да ги поднесат барањата заедно со потребната документација за добивање субвенциониран станбен кредит до избраната деловна банка. Барањата со непотполна документација нема да бидат разгледувани.

Банки во кои може да аплицирате се Стопанска банка АД Скопје, НЛБ банка, Шпаркасе банка, ТТК Банка, Силк роуд банка, Стопанска банка АД Битола и Про Кредит банка.

Субвенционирање на кредит за сите модели се одобрува за станбен кредит чиј износ не надминува 50.000 евра во денарска противвредност по средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на одобрување на кредитот и рок на отплата не пократок од 20 години. Доколку станбениот кредит е поголем од износот од 50.000 евра, разликата која го надминува тој износ не се субвенционира.

Кои се моделите, каматните стапки и можностите за добивање субвенции?

Еден од новитетите во „Проектот купи куќа купи стан“ е што сите кои во првите десет години од користење на субвенцијата ќе добијат новороденче или ќе посвојат дете, потоа каматната стапка во текот на цела година ќе може да ја плаќаат со дополнителна субвенција од 30%.

Корисниците треба да имаат поединечно месечно приходи до 900 евра или за брачен пар не повеќе од 1.300 евра месечно, да немаат подигнато друг станбен кредит и да немаат на свое име друг недвижен имот куќа, стан или земјиште.

За купување на стан има два вида на модели на субвенции. За лица до 35 години субвенцијата на рата изнесува до 70% во првите 5 години, а за лица над 35 години истата субвенција изнесува 50% од месечната рата.

Лицата до 35 години кои ќе се одлучат на моделот за субвенционирање на учеството од државата ќе добијат покритие од 70%, додека пак тие над 35 години добиваат субвенција од 50% од потребното учество за купување стан.

Каматните стапки за купување стан за млади изнесуваат 2,9% во првите три години, 3,9% за 4-та и 5-та година, а потоа каматната стапка ја одредува банката, но таа не смее да биде повисока од каматната стапка на другите станбени кредити од банката.

Со моделот учество се одредува фиксна каматна стапка за цело време на отплата на кредитот, како и 6-месечен ЕУРИБОР + 4 процентни поени. Висината на учеството треба да биде до 25% од вкупниот износ на станбениот кредит. Каматните стапки за лица над 35 години се идентични и за двата модула на субвенционирање.

Овие субвенции се однесуваат на станови со цена до 900 евра метар квадратен и тоа за нови станови, за што е потребно потпишан преддоговор со изведувачот или инвеститорот.

За купување или изградба на куќа Министерството за финансии предвидува субвенција од 60% на месечната рата во првите 3 години, 50% во следните 5 години и 40% во следните 3 години од отплата. Каматни стапки изнесуваат 2,9% првите 3 години, 3,9% за 4-та и 5-та година, по 5-та година каматната стапка ја одредува банката, но таа не смее да биде повисока од каматната стапка на другите станбени кредити од банката.

За младите кои ќе се решат да купат или изградат куќа од буџетот ќе биде покриено целото учество но, не повисоко од 25% од вкупниот износот на кредитот, а потоа каматната стапка на месечна ниво е фиксна со 6-месечен ЕУРИБОР + 4,0 процентни поени. За лица над 35 години покривањето на месечната рата изнесува 80% во првите 5 години и исто така се покрива до 80% од потребното учество со што месечните каматни стапки се идентични како и во претходниот модел.

Младите пак, кои ќе се решат на реновирање на веќе изградена куќа може да добијат субвенција на месечната рата од 50% во првите 5 години или пак покривање на целото учество од станбениот кредит. За лица над 35 години за доградба на куќа се предвидени субвенции од 75% од месечната рата, и 75% од учеството. Каматните стапки се на исто ниво како и во претходните модули за првите 5 години. Еден од главните услови за купување куќа со субвенција е таа да не биде поголема од 150 метри квадратни како и да се обезбеди изведбен проект со градежна дозвола.

Кредити

Охридска банка воведе нов концепт на станбен кредит со 10 години фиксна каматна стапка од 3,5%

Објавено

на

Од денеска, Охридска банка го збогатува своето портфолио на производи со нов тип на станбен кредит, овозможувајќи им на своите клиенти уште поповолни услови, најдолго гарантирана фиксна каматна стапка, за првите 10 години од отплатата на кредитот, притоа обезбедувајќи едноставна и транспарентна пресметка на ратата и сигурност за клиентите на кои им е потребен кредит за недвижности. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Силк Роуд Банка ја збогати понудата со нов станбен кредит

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје лансираше на пазарот нов производ – станбен кредит со најниска фиксна каматна стапка во земјата, почнувајќи од 2.5%. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка втора година по ред финансира старт-ап бизниси во соработка со програмата ЕаСи на ЕУ

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија го започнува вториот циклус од програмата „Чекор по чекор“, наменета за поддршка и развивање старт-ап бизниси во Република Северна Македонија. Програмата е воведена со потпишувањето на спогодбата со Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) во рамките на Програмата за вработување и социјални иновации ЕаСи на ЕУ, која е финансирана од Европската Унија. Со оваа програма на старт-ап бизнисите им се овозможува пристап до средства за финансирање развој на нивните бизниси, како и вклучително едукација и менторство за правилен развој на бизнисите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно