Connect with us

Анализи

Сегашната криза, идните пензии и алтернативните вложувања

Објавено

на

Демографските предизвици со кои се соочуваат повеќето развиени и не толку развиени држави во годините зад нас доведоа до редизајнирање на пензиските системи и преземање на дополнителни мерки кои се насочени кон обезбедување на долгорочни извори на приходи, пред се заради обезбедување на соодветни приходи за идните пензионери. Неповолните трендови доведоа и до некаде поуспешно, а некаде помалку успешно, кревање на свесноста дека стареењето на населението, особено кога е придружено со одлив на работна сила, на долг рок се очекува да има негативно влијание како врз приливите и финансиската кондиција на државните пензиски фондови, така и врз буџетските приходи.

Ширењето на пандемијата на Ковид-19 доведе до силна фискална поддршка која резултираше, но и понатаму ќе резултира со раст на задолженоста и на буџетските дефицити, што неминовно ќе има негативно влијание врз подготвеноста на државите во иднина да издвојуваат повеќе средства за исплата на пензии и за останати форми на буџетски расходи од социјален карактер. Оттука од голема важност е потенцирање на потребата за излегување од зоната на комфорност и гледање подалеку, заради осознавање на потребата од долгорочно и дисциплинирано штедење, за себе и за сопствената иднина.

На глобално ниво, справувањето со последиците од глобалната финансиска криза од 2008 година, на кое се надоврза справувањето со економските последици од актуелната пандемија, доведе до рекордни нивоа на ликвидност на пазарите на капитал. Оваа ликвидност имаше и има за цел поддршка на економиите, но и се рефлектира врз вреднувањата на повеќето класи на инструменти, особено традиционалните класи како што се акциите и обврзниците, што се должи, помеѓу другото, и на релативно повисокото ниво на достапност на овие класи на инструменти. Високата ликвидност на глобално, но и на локално ниво се рефлектираше и врз пад на каматните стапки на депозитите во домашни банки и домашните државни обврзници, што домашните институционални инвеститори ги изложи на “ризик од реинвестирање“, односно ситуација во која значителен дел од законски регулираниот инвестициски универзум нуди можности за инвестирање под услови кои би се рефлектирале неповолно врз приносите на членовите на пензиските фондови.

Трендот на “поскапување“ кај традиционалните класи на инструменти во изминатиот период доведе до тоа пензиските фондови низ светот, во настојувањето на своите членови да им обезбедат соодветна стапка на принос на долг рок, да алоцираат дел од вложувањата кон алтернативни инвестиции. Доколку се земат предвид очекуваните приноси на алтернативните класи на инструменти во споредба со оние на традиционалните класи, ваквата тенденција е повеќе од разбирлива, но е можна таму каде што законската рамка тоа го дозволува. Само за пример, изложеноста (директна и индиректна) на пензиските фондови на Австралија, Канада и Финска кон недвижности, како форма на алтернативни вложувања, на крајот од 2018та година се движеше помеѓу 10% и 15% од вкупните средства. Детални податоци за овој тренд и за состојбите на крајот од 2019та година во земјите членки на ОЕЦД се достапни во годишниот Извештај на ОЕЦД за пензиските системи.

Алтернативните вложувања се хетерогена класа на инструменти која опфаќа повеќе категории, со различен профил на ризичност, но и со различна достапност од повеќе причини, вклучувајќи различни нивоа на минимални вложувања во случаи кога истите се пропишани како услов, специфични карактеристики на самото вложување и останати фактори. Сепак, вклучувањето на алтернативните вложувања во портфолијата на долгорочните инвеститори во кои се вбројуваат и пензиските фондови, имаат изразени диверзификациски ефекти, што пак има стабилизирачко влијание врз вкупните приноси.

Идните пензии се прашање кое спаѓа во доменот на долгорочно планирање и кое бара стратешки пристап, заради сензитивноста, комплексноста и социјалната димензија на истото. Светот се менува, а се менува и големината на пензиските фондови како природен процес. Порастот на средствата под управување, во отсуство на регулаторни приспособувања, со текот на времето може да доведе до тоа дефинираните ограничувања да станат несоодветни за големината на фондовите. Имајќи ги предвид и овие аспекти, измени во регулативата кои би значеле проширување на инвестицискиот универзум, помеѓу останатото и во делот на алтернативните вложувања, на начин кој ќе биде во интерес на членовите и пензионираните членови на пензиските фондови, би значеле поддршка на домашните управувачи со пензиски фондови да обезбедат соодветни долгорочни стапки на принос за своите членови.

Анализа на Татјана Бојковска, CFA, CAIA, CIPM (Сава пензиско друштво а.дСкопје)

Анализи

Кои се најплатените професии во земјава?

Објавено

на

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека за септември просечната исплатена нето плата во земјава била 27.405 денари. Сепак, постојат и такви професии во земјава што земаат просечна плата далеку над државниот просек. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Кои се десетте најголеми компании на Балканот?

Објавено

на

Најголемата компанија на територијата на поранешна Југославија според вкупните приходи од работењето е словенечки „Петрол“ со годишен приход од 3,6 милијарди евра. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Пет македонски банки во топ 100 банки во југоисточна Европа

Објавено

на

Пет банки од Македонија се најдоа на листата на топ 100 во југоисточна Европа, покажува анализата на „Seenews“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно