Connect with us

Останато

Северна Македонија најдобра во регионот според степенот на економски слободи

Објавено

на

Економијата на Северна Македонија, според степенот на економски слободи, е најдобра од земјите во регионот, покажува извештајот за 2021 година на „Xеритиџ фондацијата”. Според индексот на американската фондација, македонската економија е на 46-то место во светот.

Вкупниот резултат на Индексот за економска слобода на Северна Македонија годинава е 68,6 и е намален за 0,9 поени, првенствено, како што велат од Херитиџ, поради падот на трговските слободи.

Од земјите во регионот, Словенија е 48-ма, и Србија е 54-та, Косово е на 58-ма позиција, Хрватска е на 79-то место, додека БиХ се најлоши според економските слободи и се на 82 место.

Северна Македонија е рангирана на 27-то место меѓу 45 земји во регионот на Европа.

„Рангирањето на Северна Македонија спаѓа во категоријата „умерено слободна“ оваа година. За да се сврти курсот кон поголема економска слобода, првиот приоритет на владата треба да биде реформа на судството, скапиот и надуен јавен сектор и други државни институции. Постигнувањето на друга цел, како промовирање на странски директни инвестиции во извозно ориентирани индустрии, ќе биде поттикнато со посилно спроведување на антикорупциските статути”, се вели во извештајот на „Херитиџ“.

Останато

Комората на сметководители се придружува на протестот на ТУК

Објавено

на

Комората на сметководители години наназад реагира на репресивната улога на Министерството за финансии и неговата улога во уништувањето на сметководствената професија. Структури од Секторот за финансиски систем од ова министерство, наместо да ги извршуваат своите работните задачи во интерес на граѓаните, за што земаат плата, делуваат низ призма на исполнување на своите лични интереси притоа загрозувајќи ја егзистенцијата на 10.000 професионалци од дејноста. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Маск загуби 5,6 милијарди долари за еден ден по падот на акциите на „Tesla”

Објавено

на

Акциите на компанијата „Tesla” на Илон Маск забележаа пад по информацијата дека две лица загинаа во несреќа со електричен автомобил на компанијата во текот на изминатиот викенд, пишува списанието „Forbes”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечна месечна нето-плата по вработен во февруари изнесува 27.948 денари

Објавено

на

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, изнесува 102.7. (more…)

Продолжи со читање




Популарно