Connect with us

Осигурување

„Сврти на сигурно“ – Еуролинк со ново осигурување за велосипедисти и велосипеди

Објавено

на

Започнувајќи од ноември 2020 година, Еуролинк осигурување под слоганот „Сврти на сигурно“ пласираше нов продукт наменет исклучиво за велосипеди и велосипедисти. Се работи за уникатно, ново решение кое овозможува сигурност за сите чие омилено средство за транспорт и рекреација е велосипедот.

Полисата за осигурување на велосипедисти и велосипеди нуди осигурување при незгода, одговорност кон трети лица и каско за велосипеди. Каското за велосипеди на Еуролинк е единствено решение кај нас кое овозможува финансиска надокнада при кршење на велосипедот, оштета и најважно кражба, без разлика каде настанала кражбата.

„Осигурувањето за велосипедисти ќе ги покрива непресретнатите потреби за осигурување на урбаните велосипедисти – значителен дел од населението кое рапидно расте. Со воведување на овој продукт создаваме услови за побезбедна и почеста употреба на велосипедот како превозно средство, што на крајот ќе допринесе за унапредување на здравјето, животната средина и квалитетот на животот во заедницата. Со овој чекор продолжуваме со традицијата за воведување нови продукти на пазарот, сега засилена и со искуството од групацијата ГРАВЕ од која сме дел“ – изјави Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк осигурување.

Основниот пакет BIKE чини 61,5 денари, односно 1 евро месечно, а проширениот пакет BIKE+ со вклучено каско осигурување за велосипедот се пресметува зависно од вредноста на истиот, и започнува од 100 денари месечно па нагоре.

Еуролинк осигурување беше првата осигурителна компанија која на пазарот пред неколку години воведе приватно здравствено осигурување, а со воведувањето на осигурување за велосипедисти и велосипеди продолжува со збогатување на понудата од уникатни осигурителни решенија кои покрај сигурноста во фокуст ја имаат грижата за здравјето на граѓаните.

Полисата е достапна во филијалите на Еуролинк, а повеќе информации за продуктот и условите можете да најдете во делот: Осигурување за велосипедисти и велосипеди.

Осигурување

Мој миленик – нов пакет на пазарот од Триглав Осигурување

Објавено

на

Триглав Осигурување воведува нов пакет на пазарот, Мој миленик, наменет за осигурување на кучиња. Пакетот обезбедува лекување на милениците и осигурување од ризиците смрт од болест и од несреќен случај. Триглав, во рамките на пакетот, бесплатно го вклучува и MyKi уредот за следење, како дополнителна алатка за што подобра безбедност на милениците. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Адвокатот Мирослав Вујиќ избран за член на Надзорниот одбор на Триглав пензиско друштво

Објавено

на

Триглав пензиско друштво АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за промени во Надзорниот одбор на Друштвото. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Македонски експерти ќе бидат дел од глобалниот настан насловен како „Иднината на осигурувањето во Европа“

Објавено

на

Во организација на водечката меѓународна новинарска агенција „Reuters” се организира Глобален настан насловен како „Иднината на осигурувањето во Европа“. Настанот е виртуелен и ќе биде одржан на 24-ти и 25-ти ноември. (more…)

Продолжи со читање

Популарно