Connect with us

Останато

Светското богатство се искачи на рекордно високо ниво во 2021 година и покрај пандемијата

Објавено

на

Вкупното светско богатство порасна за 10,3 проценти во 2021 година на 473 трилиони долари, главно благодарение на „цветањето“ на берзата, според студија објавена денеска од „Бостон Консалтинг Груп” (БКГ).

Станува збор за најголем раст во повеќе од една деценија, а бројот на супербогатите, што „БКГ” ги дефинира како лица со имот вреден над 100 милиони долари, порасна за околу 300 луѓе.

Најмногу супербогати, 25.800 лица, имаат САД. Потоа следува Кина со 8.500 супербогати луѓе. На третото место е Германија. Во светот околу 69.000 супербогати поединци поседуваат 15 отсто од финансиските средства, што може да се инвестираат.

Вредноста на материјалните средства, вклучувајќи недвижнини, уметности и злато, порасна за 11 отсто на 13 трилиони долари во 2021 година. Веќе некое време особено силно расте вредноста на недвижнините.

И покрај економските последици од војната во Украина, извештајот на „БКГ” предвидува дека богатството и понатаму ќе расте во целиот свет. Се очекува силно зголемување првенствено во Азија.

Доколку рускиот напад на Украина заврши годинава, се очекува глобалното богатство да порасне за 5,3 отсто годишно со што би достигнало речиси 80 трилиони долари до 2026 година.

Студијата пресметува просечно зголемување од пет отсто, доколку војната продолжи и санкциите бидат построги или потраат подолго време.

Останато

Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Објавено

на

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Европската комисија предвидува раст од 2 проценти на македонската економија за годинава

Објавено

на

Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 проценти. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ќе се издава граѓанска обврзница за финансирање на развојни проекти

Објавено

на

Министерството за финансии планира во јуни да издаде граѓанска обврзница со рок од две години и со примамлива камата. Според министерот за финансии, Фатмир Бесими, новиот финансиски инструмент ќе им овозможи на граѓаните да купат обврзница од минимум 10.000 денари, а со цел развој на финансикиот пазар. (more…)

Продолжи со читање

Популарно