Останато
Светски експерти од глобални брендови на јубилејната 5. Конференцијата за е-трговија „E-commerce: Accelerate!“

Еминентни светски експерти од глобални брендови ќе учествуваат на Петтото јубилејно издание на најголемиот настан за електронска трговија во земјава – Конференцијата за е-трговија, која оваа година ќе се одржи на 11 ноември во Скопје под мотото „E-commerce: Accelerate!”, а ќе добие и регионален карактер.
Се очекува на форумот да присуствуваат повеќе од 400 гости – успешни претприемачи, е-трговци, маркетинг експерти, менаџери и директори на компании и владини претставници од земјава, како и од Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора, Бугарија и од Хрватска, што ја прави уникатна и единствена во регионот во своето петто јубилејно издание.
„Во фокусот на конференцијата годинава се четири теми кои се внимателно избрани за да одговорат на потребите на индустријата. Конференцијата ќе биде одлично место за да се научи и дознае повеќе за: можностите кои ги нуди е-трговијата во регионот, промените на навиките кај купувачите предизвикани од е-трговијата, поврзаноста помеѓу податоците, маркетингот и технологијата, како и за вистинските приказни од успешни е-трговци од регионот”, наведуваат организаторите.
Според агендата, четирите главни теми на конференцијата ќе бидат претставени низ шест презентации, еден неформален разговор, четири панел сесии и две студии на случај. Сето тоа ќе биде презентирано од еминентни светски експерти кои специјално за конференцијата доаѓаат во Скопје од глобално познатите брендови меѓу кои Тик-ток, Гугл, Пaјонир, Мастеркард и многу други.
Од домашните говорници, своето искуство на конференцијата ќе го пренесат Ангелина Блажеска, косопственик на мобилната апликација за фитнес – FitKit, Бобан Милосавлески, основач и косопственик на првата автоматизирана платформа за е-трговија во Македонија – Vendor, Дарко Перушески – сопственик на првата македонска национална стриминг платформа – Gley и многу други.
Традиционално, конференцијата ќе заврши со гејмификација, квиз натпревар со вредни награди за победниците. По завршувањето на официјалниот дел, вечерта следува голема роденденска забава за сите присутни учесници на конференцијата, а утрото на 12 ноември – искачување на Водно заедно со говорниците и спонзорите на конференцијата.
Останато
Дури 40% онлајн продавници во ЕУ користат манипулативни техники

Од 399 онлајн продавници кои властите на Европската унија ги контролираа во претходниот период, дури 148 учествуваат во манипулативен бизнис, соопшти Европската комисија. (more…)
Криптовалути
КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)
Останато
Досега за најдобрите македонски е-трговци гласале повеќе од 4.000 гласачи

За само неколку денови повеќе од 4.000 граѓани гласaле за е-трговците кои се номинираа на Изборот за најдобрите во македонската е-трговија – “Ecommerce Awards 2022”, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Изборот за најдобрите е-трговци се организира по втор пат токму со цел да ја препознае и награди напорната работа на домашните е-трговци во изминатата година, да се подигне свеста за е-трговијата во јавноста и да поттикне зголемување и подобрување на понудата во е-трговијата. (more…)
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 4 weeks
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 1 week
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје