Connect with us

Странски банки

Светски банки дозволувале трансфер на валкани пари

Објавено

на

Некои од најголемите банки во светот им дозволиле на криминалци да префрлаат валкани пари во износ од околу две милијарди долари, покажуваат документи што протекоа во јавност.

Според „BBC“, документите покажуваат како руските олигарси ги користеле банките за да избегнат санкции, кои требало да ги спречат да префрлаат пари на Запад.

Ова е последното во низата протекувања во изминатите пет години, кои обелоденија тајни зделки, перење пари и финансиски криминал.

Таканаречените „датотеки ФинЦен (FinCEN)“ содржат повеќе од 2.500 документи за трансакции што банките ги испратиле до американските власти во периодот од 2000 до 2017 година. Во документите, наводно, се најстрого чуваните тајни што ги користеле банките за да пријават сомнително однесување, но не биле доказ за сторено кривично дело.

ФинЦен е кратенка за мрежата за истражување на финансиски криминал во САД, која се состои од истражувачи вработени во централната банка (Министерство за финансии на САД). Им се испраќаат сите сомнежи во врска со трансакциите во долари, дури и ако тие биле надвор од територијата на САД.

Документите покажуваат дека најголемата британска банка „HSBC” им дозволила на измамници да префрлат повеќе милиони долари украдени пари низ целиот свет, дури и откако од американските истражители дознала дека станува збор за измама.

Американскиот „JP Morgan“ и овозможил на една компанија да префрли преку милијарда долари преку сметка во Лондон, без да знае кој е сопственик. Банката подоцна откри дека е можно компанијата да е во сопственост на мафијаш од списокот на ФБИ на десетте најбарани мафијаши.

Во документите што протекоа се тврди и дека постојат докази дека еден од најблиските соработници на рускиот претседател Владимир Путин ја користел банката „Barclays“ во Лондон за да избегне санкции што требало да го спречат да користи финансиски услуги на Запад. Како што се наведува, дел од парите биле искористени за набавка на уметнички дела.

Централната банка на Обединетите Арапски Емирати, наводно, не сторила ништо откако била предупредена дека една компани во земјата му помага на Иран да избегне санкции.

Германската „Deutsche bank” наводно префрлала „валкани“ пари од кругови на организиран криминал, тероризам и трговија со дрога.

Британскиот „Standard Chartered“, наводно, префрлала средства на Арапската банка во Јордан повеќе од една деценија откако знаела дека клиентите на банката на тој начин финансираат тероризам.

Според одделот за разузнавање на ФинЦЕН, Велика Британија се нарекува „јурисдикција со поголем ризик“ како Кипар. Ова се должи на бројот на регистрирани компании во Обединетото Кралство кои се појавуваат во извештаи за сомнителна активност (САР). Во датотеките на ФинЦен (FinCEN) именувани се повеќе од 3.000 компании од Велика Британија, повеќе отколку од која било друга земја.

Документите протекоа во „Buzzfeed News“ и беа споделени со група истражувачки новинари од целиот свет, кои ги доставија до 108 новински организации во 88 земји.

Криптовалути

Кина им подели по 25 евра на граѓаните на Шенжен за популаризација на дигиталната валута

Објавено

на

Кинеските власти на 50.000 жители на Шенжен избрани по случаен избор им поделија дигитални валути во вредност од 10 милиони јуани, што е еднакво на околу 25 евра по лице. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Французинката Одил Рено-Басо е нова директорка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја избра денеска Французинката Одил Рено-Басо за нова директорка, на своето Генерално собрание кое се одржува виртуелно поради пандемијата на Ковид-19. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Акционерите на ЕБОР го одобруваат членството на Ирак

Објавено

на

Ирак го направи првиот чекор да стане членка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). (more…)

Продолжи со читање

Популарно