Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Странски банки

Светска банка ќе и стави на располагање околу 400 милиони евра на Македонија

Објавено

на

Светска банка ќе и стави на располагање околу 400 милиони евра на Македонија за проекти во следните четири години. Ова беше истакнато на Годишните средби на ММФ и Светска банка на кои учествува македонска делегација предводена од министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерот на НБРМ Анита Ангеловска Бежоска.

За пакет проектите и новата стратегија за соработка со Светска банка, беше зборувано на состанокот на македонската делегација со потпретседателот на Светска банка Сирил Мулер и директорот за Западен Балкан, Европа и Централна Азија Линда Ван Гелдер . Со овие средства ќе се поддржи подобрувањето на конкурентноста на приватниот сектор, развојот на вештини и создавањето на повеќе можности за најранливите категории како и подобрена институционална и фискална оддржливост.

Станува збор за околу 35 проекти од областа на поддршка на бизнисот, транспорт и врски, здравство, социјална заштита, труд и социјала, информатичко општество и администрација, образование и наука, животна средина, финансии и земјоделие. Во рамки на овие 35 проекти планирани се и инфраструктурни проекти за рехабилитација на национални, регионални и локални патишта во периодот од 2019 до 2021 година.

Планирани се и проекти за поддршка на приватниот сектор преку микрофинансирање, советодавни услуги, поддршка за технолошка модернизација и поддршка за иновации. Ќе се поддржат и инвестиции во обновливи извори на енергија.

Странски банки

Пет банкaрски гиганти ќе платат казна од 1 милијарда евра

Објавено

на

Европската комисија (ЕК) објави дека казнила пет банкарски гиганти со 1,07 милијарди евра за учество во картели, пренесува „Спутник“. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Испечатиле 46 милиони банкноти и дури потоа виделе дека има печатна грешка!

Објавено

на

Австралиската централна банка преземала одговорност за отштампаната грешка на 46 банкноти, откако една радио станица објави на друштвените мрежи дека на банкнотите има микроскопска грешка. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕЦБ ги зголемила трошоците за надзор на банките за 21%

Објавено

на

Европската централна банка ги зголемила трошоците за надзор на банките за 21%, како одраз на повисоките трошоци за подготовка за Брегзит, според соопштението на оваа институцијата. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange