Connect with us

Странски банки

Светска банка: Јавниот долг драстично се зголемува бидејќи македонската економија силно е погодена од Ковид-19

Објавено

на

Светската банка не е загрижена за зголемувањето на јавниот долг во земјата. Оттаму истакнуваат дека иако јавниот долг за една година се зголемил за 10 – 11% од БДП и проценуваат годинава да достигне до 61.6% од БДП, сепак очекуваат дека буџетската дупка ледната година ќе се намали.

Кризата од Ковид 19 ја примора Северна Македонија да се задолжува, да издаде еврообврзница и да зема кредити, но банкарите веруваат дека следната година потребата од нови пари ќе биде помала. Од друга страна пари ќе има доволно на меѓународните пазари и не се очекува тие да поскапат следната година.

Северна Македонија се проценува како земја со умерен ризик. Вашите преговори за пристапување кои што се наскоро ќе почнат, владините фискални планови на среден рок покажуваат враќање на патеката на фискална консолидација, програмата на реформи која што се спроведува и која што ја гледаме сето тоа го намалува ризикот за инвестирање со кој се соочуваат меѓунардните партнери кога би инвестирале во Македонија.“ – изјави Сања Маџаревиќ Шустер, претставник од Светската банка.

Северна Македонија се соочува со најдлабока рецесија во последните две децении, иако владата го ублажи влијанието од кризата, вели светска банка. Стапката на невработеност се зголеми на 16,7%, за првпат од 2011 година, откако во вториот квартал над 17.000 лица ја загубија работата. Не се очекува повторно целосно затворање на економијата, иако декември и јануари ќе бидат најтешки месеци. Но шокот ќе биде помал зашто сега веќе имаме искуство и можност да се приспособиме на корона условите.

Странски банки

Светска банка обезбеди 12 милијарди долари за борба против Ковид-19

Објавено

на

Светската банка издвои 12 милијарди долари за набавка и дистрибуција на вакцина против коронавирусот, како и за тестови и лекови за борба против ковид-19, рече претседателот на Светска банка Дејвид Малпас на состанокот на министрите за финансии на Г20 и централните банки во петокот. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Италија ги избра „Bank of America” и „Orrick” за советници во приватизацијата на Monte dei Paschi (MPS)

Објавено

на

Италијанското Министерство за финансии ги избра „Bank of America” и „Orrick” за финансиски и правни советници за да обезбедат договор за спојување на спасената италијанска банка „Monte dei Paschi” (MPS) како дел од планот за приватизација, изјавија за „Reuters” четири извори блиски до ова прашање. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

НЛБ Групацијата оствари нето добивка од 104,6 милиони евра

Објавено

на

Нето добивката на НЛБ групацијата заклучно со третиот квартал на 2020 година достигна 104,6 милиони евра, што е за 36% помалку во споредба со истиот период минатата година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно