Connect with us

Странски банки

Светска банка: Со трговската диверзификација и отвореност до подобри работни места, поголем економски раст во Северна Македонија

Објавено

на

Недостигот на трговска диверзификација и концентрацијата на извозот ја ограничуваат улогата на трговијата во економијата на Северна Македонија, со стапки на раст континуирано под оние на ЕУ и другите земји од Западен Балкан. Доколку сака да создаде квалитетни работни места, да ја намали сиромаштијата и да го подобри животниот стандард на луѓето, економијата на земјата треба да стави поголем акцент на трговската диверзификација и отвореност, забележува меѓу другото новиот извештај на Светска банка, Стратегија за трговска политика 2.0 за Северна Македонија што беше презентиран денеска во Скопје.

Имено, во текот на изминатите две децении, Северна Македонија, се посочува дека направи силни чекори во реформирањето на својата економија и привлекувањето странски директни инвестиции, што и помогна да го достигне статусот на земја со среден приход. Меѓутоа, денес, во услови на динамичен пазар на труд во 21 век, се додава, структурата на економијата останува главно непроменета, а трговската политика стагнира. Северна Македонија се бори со постојано високи нивоа на невработеност, а околу 18 отсто од населението останува во сиромаштија.

„Трговијата може да биде силен мотор на раст за Северна Македонија, преку трансформација на економијата, создавање одржливи работни места и намалување на сиромаштијата. Но, за да се случи ова, на земјата и треба поотворена и разновидна трговска политика, вклучително и поголем фокус на трговијата со услуги, за да ги искористи економските придобивки”, рече во видео обраќањето на презентацијата Масимилијано Паолучи, директор на Светска банка за Северна Македонија.

Трговската отвореност со услуги е послаба отколку за стока, што, според Извештајот, го истакнува неискористениот потенцијал за трговија со услуги, кој ќе биде клучен за трансформација на економијата кон онаа на земја со висок приход.

Според Сања Маџаревиќ Шујстер, виш економист за земјите од Западен Балкан и еден од коавторите на Извештајот, новата трговска стратегија ќе и овозможи на Северна Македонија да ја прошири својата економска диверзификација преку земјоделство, агро-бизнис, услуги и покомплексно производство, што на крајот ќе доведе до повеќе подобро платени работни места, раст и опстанок на бизнисот и намалување на сиромаштијата што е во согласност со она што Владата сака да го направи.

„Оваа стратегија ја делиме на три сета политики – трговски политики, оние кои се фокусираат на продлабочување на регионот и трговските договри и на влегување во нови региони и политиките на државна помош. Сакаме да ги подредиме по приоритет видовите на реформи. Во делот на трговските политики што го гледаме како краткорочен фокус е рационализирање на прекуграничните постапки, таму е многу направено, но сепак постојат работи кои и ппонатаму треба да се подобруваат особено со земјите во регионот бидејќи тие се меѓусебно зависни. Потоа координацијата помеѓу институциите во земјата треба да се подобри и сетоа тоа да доведе до намалување на траењето на царинењето и намалување на трговските трошоци, отворањето на пазарот на трудот значи зголемување на мобилноста на работната сила во регионот, и подобрување на транспортната поврзаност”, вели меѓу другото Маџаревиќ Шујстер.

Во однос на политиките на државна помош, таа нагласува дека станува збор за област каде по иницијалниот сет на политики кои што испорачаа она што можеа да го испорачаат важно е земјата да ја ставби на мапата на инвестиротите и во тековните синџири на вредностите.

„Ова се на некој начин застарени политики. Следните политики треба да го разгледаат прашањето како да се подобри економичноста на овие даночни стимулации. дали можеме да бидеме подобри во креаирање на работни местам на подобро платени работни места, дали можеме да ја концентрираме државната помош на иновации, усвојување на технологии, односно она што е потребно за новите модерни економии, и дали можеме да ги распеределиме придобивките на сите, а да не се фокусираме само на конкретни локации, односно да бидеме похоризонтални. И на крајот не помлаку важно програми за развој на добавувачи. Едноставно е нејасно зошто овие врски помеѓу локалните фирми и странските фирми се толку кревки и слаби. Тука може да се направи многу повеќе”, вели Маџаревиќ Шујстер.

Извештајот тврди дека реформите во трговската политика треба да се воведат како дел од пошироката стратегија за подобрување на деловната клима, привлекување инвестиции и зголемување на продуктивноста во економијата. Способноста на Северна Македонија да постигне поголема економска диверзификација ќе зависи од широк спектар на фактори, вклучително и политиката на конкуренција, инвестициските политики, иновациите и образовните политики.

Странски банки

ПроКредит Групацијата постигна значителни резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

Објавено

на

Групацијата ПроКредит, која главно е активна во Југоисточна и Источна Европа, објави висок финансиски резултат од 94,0 милиони евра за првите девет месеци од 2023 година. Приносот на капиталот значително се подобри на ниво од 13,6 %, со што се нагласуваат среднорочните проекции на групацијата. Добриот резултат главно беше поттикнат од континуираната позитивна динамика на нето-каматната маржа, како и од подобрениот коефициент трошоци-приходи од 58,7%. Стабилните показатели за кредитниот ризик доведоа до умерена цена на ризикот од 20 базични поени, каде спаѓаат и дополнителните резервации за загуби резервирани во третиот квартал на работењето на групацијата во Украина. Како резултат на силниот оперативно-финансиски развој во целата групација, Управниот одбор реши на 26 октомври 2023 година повторно да ги подигне проекциите за финансиската 2023 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕБОР го назначи Фатих Туркменоглу за нов шеф на Банката во Северна Македонија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го назначи Фатих Туркменоглу за нов шеф на Северна Македонија. Тој ќе ја преземе функцијата на 1 ноември и ќе ја води канцеларијата на Банката во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ПроКредит Холдинг АД: Успешно спроведена трансформација во акционерско друштво

Објавено

на

Матичната компанија на развојно ориентираната Групација ПроКредит успешно ја заврши трансформацијата на својата правна форма во акционерско друштво (AG). Трансформацијата беше завршена со внесување на ПроКредит Холдинг АД во трговскиот регистар на 27.9.2023 година. Претходно, на Годишното генерално собрание одржано на 5.6.2023 година беше донесена одлука за одобрување на промената на правна форма со многу големо мнозинство. Трансформацијата во акционерско друштво има за цел дополнително да го подобри прифаќањето на инвеститорите, особено меѓу учесниците на меѓународниот пазар, а, во исто време, да ја поедностави корпоративната структура. Деловниот фокус на ПроКредит Холдинг, особено со акцент на Југоисточна и Источна Европа и неговата посветеност да се постигне влијание, остануваат непроменети. (more…)

Продолжи со читање

Популарно