Connect with us

Останато

Светска Банка: Растот на македонската економија годинава ќе биде 4,6 проценти, а инфлацијата 2,4 отсто

Објавено

на

Македонската економија закрепнува, но ризици и натаму има. Kорекцијата за економскиот развој во земјава годинава, во редовниот есенски економски извештај за Западен Балкан на Светска банка, е направена во нагорна линија. Растот на македонската економија годинава ќе биде 4,6 проценти.

Главен ризик фактор и натаму е ковид пандемијата. Од светска банка велат загрижува фактот  што во земјите од Западен Балкан има низок процент на вакцинација на населението,што би  можело да предизвика нови рестрикции како резулатат на појава на нов Ковид бран.

Oсвен заостанувањето во вакцинацијата, како ризици се посочуваат и тесниот фискален простор и големото ниво на долг, кој како што велат  и натаму владеат во регионот.

„Политичката несигурност исто така ќе го забави закрепнувањето на домашните и странските инвестиции кои му се потребни на регионот за да се зголемат потенцијалните резултати да се креираат работни места. Фокусот на политики треба да се помести на надминување на пречките за создавање работни места и економска трансформација. Недостигот на пазарна конкуренција, ограничената регионална економска интеграција и чувствителните институции се уште поочигледни како резулчтат на стресот што го наметна КОВИД-19.“ – вели Масимилијано Паолучи директор на канцеларијата на СБ во С.Македонија и  Косово.

На почетокот на следната година Светска банка очекува стабилизација на инфлацијата. Годинава за земјава таа е предвидена од 2,4 проценти.

„На краток рок ќе имаме зголемена инфлација. На среден рок, почнувајќи уште од почетокот на наредната година, ќе имаме стабилизирање на инфлацијата. На долг рок се очекува нејзино зголемување како резултат на зелената енергетска транзиција. За употребата на јаглен во термоцентралите ќе треба да се плаќа данок. А и потоа, самата енергија од обновливи извори е поскапа. Цената на енергијата ќе влезе во сите други цени. Но, ние мора да го направиме тоа за да ја зачуваме нашата животна средина.“ – изјави Сања Маџаревиќ – Шујстер, виш економист за земјите од Западен Балкан.

Според Светска Банка економиите на сите земји во Западен Балкан, освен на Црна Гора, до крајот на година ќе се вратат на ниво пред пандемијата. Економистите препорачуваат Западен Балкан да ги забрза своите планови за зелена транзиција.

Во 2022 година растот во регионот се предвидува да биде 4,1 проценти, додека во 2023 година се очекува да изнесува 3,8 проценти.

Криптовалути

Со појавата на новиот сој ОМИКРОН, крипто токенот „Омикрон“ ја зголеми вредноста за над 900%

Објавено

на

Се ближи крајот на 2021 година и веќе сè е токенизирано, односно криптовалутите се веќе секојдневие. Но, по големиот раст од неодамна, крипто пазарите и генерално криптовалутите паднаа минатата недела по веста за новата варијанта на коронавирусот Омикрон. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Колку изнесува К15 за оваа година?

Објавено

на

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Почна исплатата на ноемвриските пензии

Објавено

на

Од денеска започна исплатата на ноемвриските пензии кои ќе се исплаќаат етапно со цел поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот. (more…)

Продолжи со читање


Популарно