Connect with us

Странски банки

Светска банка прогнозира раст на македонскиот БДП од 3,6 проценти за 2021 година

Објавено

на

Светска банка во најновиот извештај прогнозира раст на македонската економија од 3,6 проценти во 2021 година и 3,5 проценти за 2022 година.

За земјите од регионот, Светска банка предвидува раст на БДП на Албанија од 5,1 проценти во 2021 година, на БиХ – 2,8 проценти, на Бугарија – 3,3 проценти, на Хрватска – 5,4 проценти, на Косово – 3,7 проценти, на Црна Гора – 6,1 проценти и Србија – 3,1 проценти.

Во полугодишниот извештај „Глобал Економик Проспектс” (Global Economic Prospects), прогнозата за раст на БДП во регионот е 4,4 проценти во Албанија, 3,5 проценти во БиХ, 3,7 проценти во Бугарија, Хрватска – 4,2 проценти, Косово – 4,9 проценти, Црна Гора – 3,9 проценти и Србија – 3,4 проценти.

Според Светска банка, растот во Западниот Балкан се очекува да се забрза до 3,5 проценти во оваа година, во услови на враќање на довербата на потрошувачите и на бизнисот, како и намалување на политичката нестабилност.

Странски банки

За прв пат од 1979 година, германската централна банка нема да и го исплати профитот на владата

Објавено

на

Германската централна банка во средата објави дека за прв пат од 1979 година нема да и исплаќа профит на владата поради повисоките резервации за ризици за време на корона кризата и повисоките каматни трошоци. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Во година со корона пандемија, Ерсте Групацијата оствари нето добивка од 783 милиони евра

Објавено

на

Ерсте Групацијата, водечки кредитодавател во централна и источна Европа, ја заврши 2020 година која ја обележа и коронавирусот со добар оперативен резултат од 2,9 милијарди евра (-1,3% во однос на претходната година). Оваа Групација, чии акции се истакнати на берза, издвои резервации за ризик во вредност од 1,3 милијарди евра за потенцијални загуби во иднина поради намален платежен капацитет предизвикан од пандемијата. Како последица на оваа мерка, нето приходот забележа пад од 46,7% на 783 милиони евра. Кредитите на клиентите од друга страна, забележаа раст од 3,6% на 166,1 милијарди евра, а вкупните депозити на клиентите забележаа пораст од 9,9% на 191,1 милијарди евра.  (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

“Bank of America” предупредува за потенцијален меур на берзата

Објавено

на

Додека најпознатата криптовалута биткоинот ја надминува границата од 50.000 американски долари, а берзанскиот индекс „Dow Jones” надмина 30.000 поени, новиот извештај на „Bank of America” и „EPFR Global” открива дека најновиот раст на берзата може да „почека за корекција“, пренесува „Bloomberg”.

(more…)

Продолжи со читање



Популарно