Connect with us

Останато

Светска банка позитивно ја оценува социјалната реформа, поддршка за трансформација на додатокот за трето дете

Објавено

на

Светска банка дава позитивна оценка за реформите на системите за социјална и детска заштита, предложени од Министерството за труд и социјална политика, со кои се очекува трајно да се намали сиромаштијата во Македонија и да се обезбедат еднакви услови за раст и развој за секое дете.

Во извештајот, како што соопшти МТСП, се препорачува и поддржува трансформација на програмата за родителски додаток за трето дете која е најмалку ефикасна, а троши најмногу средства од сите програми за социјална помош.

Се поддржува проширување на опфатот на сиромашните, со добро таргетирање преку нова шема за ГМП, со што би се понудила сеопфатна мрежа за социјална заштита за сиромашните, без разлика на нивниот статус на пазарот на трудот или на нивната возраст, се наведува во соопштението.

– Владата е свесна за недоследностите во системот за социјална помош и е посветена на спроведувањето сеопфатни реформи. Главната цел на реформите во системот за социјална заштита би требало да биде зголемување на ефективноста и ефикасноста на системот, преку реформи како на таргетираните така и на категориските социјални надоместоци, е наведено во последниот извештај на СБ, во кој се анализира постојниот систем за социјална и детска заштита и предложените реформи од МТСП.

Во однос на постојниот систем, во извештајот се истакнува дека програмите за намалување на сиромаштијата се најниски од регионот. Исто така, паричните трансфери што се доделуваат врз основа на законите за социјална заштита и за детска заштита, се во износ од 1,2% од БДП, што е меѓу најниските во регионот и под просечното ниво на расходи за социјална заштита во земјите од Европа и Централна Азија.

Понатаму, се објаснува дека иако расходите за социјална помош од 2008 година наваму се во пораст, најголем дел од растот е резултат на категориските, а не на добро таргетираните права. Програмите за социјална заштита покриваат само една третина од насиромашниот квинтил, а овој резултат е уште позагрижувачки ако се земе предвид дека најдолниот квинтил го опфаќа најсиромашното население.

Останато

Grouper.mk прогласен за Најдобар Сајт за 2018 година во Македонија

Објавено

на

На доделувањето на наградите на манифестацијата „Сајт на годината“, која се одржа изминатава недела традиционално деветта година по ред, Grouper.mk беше избран за Најдобар Сајт за 2018 година во Република Македонија од страна на гласачите и комисијата. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

4 најважни блокчејн трендови за 2019 година

Објавено

на

Додека 2019 година е веднаш зад аголот, дојде време да се размислува за настаните од 2018 година, но уште поважно, да се разгледа она што следната година може да го донесе. Блокчејн технологијата ќе донесе уште многу изненадувања.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Национална конференција: Граѓаните воопшто не се запознаени со мерките за вработување

Објавено

на

Во 2018 и 2019 година во однос на 2017 година е намален износот на средства што се издвојуваат за спроведување на активните програми и мерки за вработување, односно за 44% или 437 милиони денари, рече програмскиот координатор Дарко Антиќ од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ на денешната национална конференција „Дали и колку граѓаните чувствуваат бенефит од спроведувањето на активните мерки, програми и услуги за вработување“. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange