Странски банки
Светска банка одобри дополнителни 1,49 милијарди долари за Украина

Одборот на извршни директори на Светската банка одобри 1,49 милијарди долари дополнителна финансиска помош за Украина. Тоа, како помош за исплата на плати на државни службеници и социјални работници.
Со оваа сума, вкупната финансиска помош од Светска банка за Киев, надминува четири милијарди долари.
На 8 март, Светската банка одобри помош од три милијарди, со моментална исплата од 489 милиони, оттогаш исплатени се речиси две милијарди долари, се наведува во нивното соопштение.
Најновото финансирање за Украина овозможено е со гаранции од Велика Британија, Холандија, Литванија, Латвија.
„Проектите на Светска банка во Украина овозможуваат подобрување на работата во јавните служби во области на снабдување со вода, дезинфекции, греење, снабдување со електрична енергија, енергетска ефикасност, патишта, социјална заштита, образование и здравство”, пишува во соопштението на Светската банка.
Потребно е одржување на тие основни служби за да се спречи дополнително влошување на животните услови и сиромаштијата во Украина, според директорот на Светска банка за Источна Европа, Аруп Банерџи.
Тој напомена и дека овозможувањето на функционирањето на Владата ќе биде „темелот на секоја обнова”.
Странски банки
Европската централна банка ги зголемува референтните каматни стапки за 25 базични поени

Европската централна банка (ЕЦБ) во четвртокот ги зголеми клучните каматни стапки за 25 базични поени поради високите инфлациски притисоци. (more…)
Странски банки
ЕЦБ подготвува ново зголемување на каматните стапки

Европската централна банка (ЕЦБ) повторно ќе ја зголеми референтната каматна стапка како дел од борбата против инфлацијата, на следниот состанок на Советот на гувернери. (more…)
Странски банки
Презентација на Редовниот полугодишен економски извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан

Светска банка денеска ќе одржи презентација на 23-то издание од серијата извештаи за економската состојба во земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија, насловено „Тестирање на отпорноста“. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје